Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Топката со која е постигната „божјата рака“ се продава за 2.5 милиони долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Топката со која е постигната „божјата рака“ се продава за 2.5 милиони долари
СПОРТ

Топката со која е постигната „божјата рака“ се продава за 2.5 милиони долари

Објавено July 15, 2026 11:30
Сподели
Сподели

Веројатно најпознатата топка во историјата на фудбалот повторно ќе биде ставена на аукција, јавија денеска американските медиуми.

Станува збор за топката со која беше одигран натпреварот меѓу Аргентина и Англија во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година, кога Аргентинците победија со 2-1 со двата гола на легендарниот Диего Марадона, првиот познат како „Божјата рака“, а вториот прогласен за гол на векот.

„Оваа топка беше сведок на најпознатата контроверзност и најпознатото ремек-дело во историјата на фудбалот“, објави американската аукциска куќа „Херитиџ аукшнс“ со седиште во Далас.

Аукцијата ќе се одржи од 21 до 23 август. Почетната цена е 2,5 милиони долари, а топката се очекува да достигне цена од најмалку десет милиони долари.

Топката од натпреварот Аргентина-Англија со децении беше во посед на Тунижанецот Али Бин Насер, кој беше главен судија на четвртфиналето во Мексико Сити и ја задржа топката по натпреварот.

Со независна експертиза подоцна беа потврдени неговите тврдења дека станува збор за оригиналната топка со која Марадона ѝ ја донесе победата над Англија.

Во 2022 година, топката беше продадена на аукција во Лондон за 2,3 милиони евра

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шансите мали: Последен ден за договор за Изборниот законик и четири милиони евра кои треба да ги добие Македонија
Следна Статија Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за евроинтеграција, тоа јасно го кажа и Марта Кос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дисциплинска против ФК Шкендија – недолично однесување на навивачи и непочитување на минута молк

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута…

March 31, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Затекната катастрофална состојба во Академијата на ФФМ: Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери

Вистинска негрижа во Академијата на Фудбалската Федерација на Македонија. Оштетен инвентар, неуредени канцеларии и расфрлени предмети, искршени врати и плафони……

January 22, 2025
СПОРТ

Фановите ќе можат да купат ретро дрес од Југославија, Адидас ќе го произведе повторно

Следната година Adidas ќе извади ретро дрес на Југославија.Ретро дресовите се во мода па Адидас сака тоа да го искористи.…

May 15, 2026
СПОРТ

Новак Ѓоковиќ повторно погоден во глава

Откако минатата година доживеа повреда и мал потрес на мозокот на турнирот во Рим откако на главата му падна шише…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?