Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
МАКЕДОНИЈА

Нема веќе спортисти на рекламите за обложување

Објавено November 5, 2024 18:45
Сподели
Сподели

Министерот Борко Ристовски во име на Министерството за спорт и генералниот директор на Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, Костадин Каракабаков, денеска потпишаа меморандум за соработка во дејноста спорт.

Според меморандумот, во иднина нема да има спортски ликови на рекламите за обложување.

-Ова е еден чекор што најпрво ќе ја продлабочи нашата соработка и за мене е посебно важно што во иднина ќе промовираме вистински вредности кои се важни за спортот и за нашето општество. Свесни сме дека во изминатите години целата оваа работа генерално, со казина, со обложувалници и со брзи кредити, излезе малку од контрола. Горд сум што успеавме заеднички, во рамките на овој меморандум да ставиме рамка, тука не зборувам за законска, туку за етичка и морална. Овој меморандум значи разбирање меѓу двете страни и подразбира етички и морален однос во кој спортистите – поранешни, сегашни или млади таленти, нема да бидат директно користени за било какво рекламирање на казина и игри на среќа. Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта како и на настани поврзани со спортот и промоција на вистинските вредности поврзани со спортот, почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности. Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт за која наидовме на разбирање од Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија и ова е убав почеток на идна соработка, изјави министерот Ристовски.

Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, се обврзува да се воздржи од ангажирање на општествено препознатливи личности во ликот на поранешни и активни врвни спортисти во свои рекламни кампањи во делот на директно рекламирање и промоција на производи кои се однесуваат или поттикнуваат обложување и коцка.

-Како компанија низ своето децениско работење, во бројни наврати, покажавме дека сме верен пријател на спортот. Поддржувајќи различни ентитети на клупско, репрезентативно и индивидуално ниво во бројни спортови, како: фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, борење, алпинизам и други, докажавме сериозност во градење на концептот за опшествена одговорност и промовирањето на спортот како општо добро. Сметаме дека потпишувањето на Меморандумот за соработка е добра идеја, со која ние и во иднина ќе придонесеме спортот да биде препознаен, како и да ја добие заслужената поддршка, особено во промовирањето на талентираните спортисти и поттикнувањето на младите да развиваат спортски вештини. Тоа е начинот на градење на заеднички спортска иднина, од која бенефит ќе има нашата земја – Македонија, истакнуваат од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија.

Во меморандумот се утврдуваат облиците и начинот на соработка меѓу потписниците со цел да се воспостави взаемно корисна соработка за промоција на вредности поврзани со спортот, односно размена на информации и соработка на активности за општествено корисни цели поврзани со спортот, како и спроведување на разни спортски активности и настани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Во Индија се молат за победа на Камала Харис
Следна Статија ВИДЕО: Хаос во Нови Сад – Маскирани лица се обидоа насилно да влезат во Градското собрание

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната

Во текот на вчерашниот ден е затрупан дел од просторот на депонијата Дрисла од кој имаше чадење. Денеска затрупувањето продолжува…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

О2 бара кривична одговорност и одземање на „А“ интегрираната дозвола на рудникот Тораница

Кривична одговорност и одземање на А интегрираната дозвола од рудникот Тораница, од Општина Крива Паланка . Ова го бараат од…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вечерва интервју на Алсат со премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ќе има интервју на телевизија Алсат. Целиот разговор ќе може да го проследите од 19 часот.

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ, претставува опасност да ги зафати околните шуми

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?