Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски шокиран од случајот во Гостивар: Сите институции се на терен, одговорност ќе има
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски шокиран од случајот во Гостивар: Сите институции се на терен, одговорност ќе има
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски шокиран од случајот во Гостивар: Сите институции се на терен, одговорност ќе има

Објавено July 18, 2026 15:24
Сподели
Сподели

Сите институции се на терен, се преземаат мерки, се испитуваат мостри од водата. Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека е шокиран од случајот во Гостивар поради кој околу 1.200 луѓе побараа помош во гостиварската болница поради наводно загадена вода. Најави дека за овој случај ќе има одговорност.

Имаме процес којшто го води и Обвинителството. Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, кој е тој што дал наредба тоа да се случи и се разбира дека ќе има одговорност. Нема така да помине случајот, рече Мицкоски.

Вели дека е шокиран од случајот и оти не може да разбере како некои луѓе постапуваат.

Не можам да разберам некои луѓе како може така дрско да се однесуваат и така несовесно да се однесуваат. Просто е неверојатно како така лесно ги прифаќаат овие работи и како се одлучуваат да прават вакви работи. Ова за мене е сѐ шокантно и со неверување е ова што некој го направил. Но ќе има одговорност, и таа одговорност нормално во рамки на судски процеси ќе треба да се контатира, рече Мицкоски.

Три пумпи со отпадни води беа пронајдени во главниот цевковод за питка вода во Гостивар. Случајот го истражуваат и истражните органи, и Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и други институции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поголем број летови: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром ќе заврши до крајот на летото
Следна Статија Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Британската амбасада со официјална Фејсбук потврда дека договорот со Македонија е зајакнување на пријателството и економскиот раст и развој

На официјалниот Фејсбук-профил на Британската амбасада се појави вест која јасно ја потврдува големината и суштината на историскиот договор за…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паркот „Жена Борец“ во Скопје мета на вандали

Превртени и искршени кулупи и канти за отпад - ваква е сликата во „Жена парк – Борец“, симболот на Скопје во…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Запуштена хала на Македонски Железници Транспорт доби нов лик

Со години запуштената хала, доби нов лик, објавиjа на своjoт фејсбик профил Македонски Железници Транспорт АД. Од таму потенцираат дека…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Постојат основи дека незаконито, паушално, без утврдување на фактичка состојба биле изготвувани документи за работа на кабарето

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи соопшти нови детали во врска со трагедијата во Кочани. „Идентификувани сите 59 лица. Повредени…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?