Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поголем број летови: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром ќе заврши до крајот на летото
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Поголем број летови: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром ќе заврши до крајот на летото
ЕКОНОМИЈА

Поголем број летови: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром ќе заврши до крајот на летото

Објавено July 18, 2026 14:44
Сподели
Сподели

Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува реконструкцијата да биде завршена согласно утврдениот рок односно до крајот на летото.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се работи паралелно на четири проекти и дека реализацијата оди добро.

– Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде меѓу 80 и 90 проценти на секој од нив. Рокот што го зададовме за завршување е крајот на летото и мислам дека тој рок ќе биде постигнат. Паралелно од 15 август ќе почнат да работат надлежните институции пред се Агенцијата за цивилно воздухопловство, Контролата на летање, М-НАВ, Агенцијата за национална безбедност, Царината и МВР со цел аеродормот да е фунцкионален и да бидат постигнати сите безбедносни стандарди, изјави денеска Николоски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на Дебрца.

Со реконструкцијата, како што посочи, практично ќе се добие еден нов аеродром со нова административна зграда и нова терминална зграда што ќе значи многу повеќе место за слетување и полетување.

– Драго ми е што Охридскиот аеродром расте и во апсолутна бројка и процентуално според последните извештаи и тоа ќе продолжиме да го правиме и во следниот период, рече вицепремиерот Николоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски: Дневно над 200 граѓани бараат медицинска помош во Гостивар со слични симптоми
Следна Статија Мицкоски шокиран од случајот во Гостивар: Сите институции се на терен, одговорност ќе има

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да ја следат технолошката распродажба од САД: Преглед на пазарите

Азиските акции ги намалија претходните загуби, следејќи го падот на технолошките акции во САД, врз основа на претпоставката дека регионалните…

February 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Свети Трифун ги опари лозарите: Исплатени се 5,2 милиони евра субвенции за производство на грозје

Вкупно 315.745.324 денари (5,2 милиони евра) денеска, на денот на заштитникот на лозарите Свети Трифун, им се исплатени на 11.689…

February 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дијаспората сѐ поголема, парите што ги праќа во Македонија сѐ помали

Иако во последниве десетина години се повеќе луѓе се иселуваат од Македонија и македонската дијаспора е сѐ поголема, парите што…

June 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?