Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Објавено November 29, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се случи населените места долж автопатот па и одредени општини да останат отсечени, истакна вицепемиерот и министерот за транспорт Александар Николоски.

Динамиката на терен е засилена, потенцираше вицепремиерот Николоски, се работи на експропријацијата, а планот е прво да се градат нови мостови, па потоа да се рушат старите мостови. Трасата е изместена поради изградбата на цевководот за наводување на Полошкиот регион.

Ако ги срушиме мостовите тоа ќе биде сериозeн проблем за жителите бидејќи цели села и општнини, на пример Брвеница па и Гостивар ќе останат отсечени. Затоа со Изведувачот се договоривме прво да се работи на алтернативниот пат па потоа да се гради мост по мост и тоа прво да се изгради нов мост па да се руши стар мост. Исто така експропријацијата и таму ни излезе како проблем бидејќи таму не се претпоставувало изградба на цевковод за наводнување на Полог. Прво мораме да ја измениме трасата а тоа подразбира нова експрипријација и очекувам дека до март следната година ќе ја завршиме експропријацијатa, истакна министерот Николоски.

Во однос на трасата Гостивар Букојчани, потенцираше дека очекувано е да се заврши во рок од три години односно до крај на 2027 година, а за следната година во буџетот предвидени се околу 8 милијарди денари за изградба на автопатите на Коридор 8 и 10д.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника „Жан Митрев“
Следна Статија Грците имаат специјализирана алатка за откривање лажни попусти: Изречени казни од 2,2 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија ќе има најниски цени на горива во регионот, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури…

March 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од 1 јануари пониски трошоци за струја, се намалува надоместокот за дистрибуција

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за…

December 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Рударството мора да биде двигател на развојот – поддршка само за одговорни компании

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со претседателот на Македонската асоцијација за рударство (МАР),…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, воведуваме две нови дестинации на барање на дијаспората

Од Министерството за транспорт информираат дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа: Скопје -ЖеневаСкопје…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?