Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грците имаат специјализирана алатка за откривање лажни попусти: Изречени казни од 2,2 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Грците имаат специјализирана алатка за откривање лажни попусти: Изречени казни од 2,2 милиони евра
Blog

Грците имаат специјализирана алатка за откривање лажни попусти: Изречени казни од 2,2 милиони евра

Објавено November 29, 2024 16:36
Сподели
Сподели

Преку специјалната дигитална алатка за откривање лажни попусти што ја користат ревизорските служби на Министерството за развој на Грција, биле откриени 14 компании кои во изминатите седмици се обиделе со лажни попусти да ги доведат во заблуда потрошувачите, а за пет од нив се изречени казни од вкупно 2,2 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од надлежното Министерство соопштија дека еден од нивните главни приоритети е „поддршката на здравото претприемништво, правилното функционирање на пазарот преку слободна конкуренција и заштита на потрошувачите“.

Дополнително, согласно предвиденото во соодветните закони, објавени се и имињата на конкретните фирми, во случај кога поединечната казна е над 50.000 евра.

Казните за јавно објавените пет компании се од 55.000 до 500.000 евра, а за останатите девет потребно е да заврши процесот на нивно известување, а потоа ќе бидат објавени нивните податоци.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека во пресрет на „Black Friday“ биле спроведени дополнителни проверки за заштита на потрошувачите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог
Следна Статија Каматите на депозитите растат, а на кредитите паѓаат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

(ФОТО) Кога новинарот си го издаде ChatGPT

Новинарот кој требаше да извести за сообраќајниот судар на булеварот Јане Сандански, очигледно си „дозволил“ помош од ChatGPT

February 18, 2025
Blog

Мус го претставува првиот приклучок за полнење на Pixel Watch 4 од трета страна

Мус го лансира првиот официјален полнач за Pixel Watch 4 од трета страна, само два месеца по објавувањето на уредот.

December 17, 2025
Blog

Европските контра-царини ќе ја чинат американската економија 22 милијарди евра

Мерките, чие воведување вчера го одобрија земјите членки на ЕУ како одговор на американските царини за увоз на челик и…

April 10, 2025
Blog

Маск и Трамп ја гасат ФЕД?

Враќањето на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Белата куќа веќе носи потенцијал за радикални промени во Федералните резерви. Но, поголемото…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?