Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Дневно над 200 граѓани бараат медицинска помош во Гостивар со слични симптоми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: Дневно над 200 граѓани бараат медицинска помош во Гостивар со слични симптоми
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Дневно над 200 граѓани бараат медицинска помош во Гостивар со слични симптоми

Објавено July 18, 2026 14:14
Сподели
Сподели

Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот заболени и стомачни тегоби. Потребни се повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница.

Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми и ист како и изминатите денови.

– Првите пациенти се јавиле на ноќта на 13-ти јули и оттогаш таа бројка е прилично константна. Над 200 граѓани се јавуваат дневно во болницата за интервенција. Во последните 24 часа има 100 побарани интервенции на педијатрија и 160 побарани интервенции на инфективното одделение рече Клековски.

Според него, клиничката слика кај сите пациенти е слична, од благи стомачни проблеми со дијареја и повраќање, до некои пациенти имаат и температура. Најголем дел од пациентите се третираат за дехидратација со инфузија, витамини и друга симптоматска терапија, по што се пуштаат на домашно лекување.

Министерот Клековски по разговорите со раководните структури на општата болница констатира дека медицински кадар се справува со состојбата и дека ги имаат сите лекови неопходни за третман. Тој упати апел до гостиварци и сите пациенти да соработуваат со епидемиолошката служба при правењето на анкети и дополнителни анализи за да се утврди причинителот.

– Од вчера се зема колпокултура и се прават сите неопходни лабораториски анализи и е проширена можноста да се бараат траги од адено и рота вирус. Значи, повеќе институции вклучени во епидемиолошкиот дел и повеќе типови на истраги, за да се исклучат сите опции: од тешки метали, од паразити, вируси, бактерии. Ни требаат многу повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот и да ги поврземе можните извори, рече министерот Клековски.

На новинарско прашање и коментар на директорката на ЈП Комуналец дека водата не била причина за заболувањата, туку храната, министерот Клековски посочи тоа е работа на епидемиолозите.

– Ниту јас, ниту директорката на јавното претпријатие сме некои што можеме да посочиме причинител. Има епидемиолози, тоа е работа на епидемиолозите. Има Центар за јавно здравје, има Институт за јавно здравје, мислам дека треба да се очекува нивна оценка. Можам неформално да коментирам дека шансата 1000 луѓе да се затрујат од храна се многу мали. Дополнително, ова трае веќе 4 дена, така да, за мене храната логички е исклучена како можен извор, рече министерот Клековски.

Тој изрази надеж дека повеќе резултати од анализите на водата од гостиварскиот водовод ќе има од понеделник.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Франција и Англија вечерва играат за мундијалската бронза
Следна Статија Поголем број летови: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром ќе заврши до крајот на летото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гостиварските угостители користат прибор за еднократна употреба

Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во Гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата, покажаа вонредните…

July 23, 2026
ЗДРАВЈЕ

Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март

Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на…

January 22, 2026
ЗДРАВЈЕ

Пиењето кафе може да биде опасно, еве што вели науката за тоа!

За многу луѓе, кафето е незаменлив дел од секојдневието – посебно наутро. Но, иако има многу здравствени придобивки, важно е…

August 2, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Бошковска: Се чини дека грипот го достигнува својот пик, Клиниката во Козле е полна

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле на дневно ниво амбулантски се прегледуваат и до 250 пациенти,…

January 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?