Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Српската министерка по скандалозната изјава: „Требаше да кажам депортација, а не етничко чистење…“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Српската министерка по скандалозната изјава: „Требаше да кажам депортација, а не етничко чистење…“
БАЛКАН

Српската министерка по скандалозната изјава: „Требаше да кажам депортација, а не етничко чистење…“

Објавено July 18, 2026 16:34
Сподели
Сподели

Српската министерка Снежана Пауновиќ, која пред неколку дена предизвика лавина реакции поради нејзината изјава дека би извршила етничко чистење на Косово доколку била на местото на Слободан Милошевиќ во 1998 година, сега тврди дека нејзината изјава е извадена од контекст, објавува Н1.

Во интервју за ТВ Прва, Пауновиќ тврди дека седум секунди од нејзиното интервју за ТВ Курир биле злонамерно извлечени со цел да ја обвинат за етничко чистење.

Во новото интервју, таа рече дека можеби би било подобро да го употребила терминот депортација, а не етничко чистење, за да можела да избегне јавно „распнување“.

Според неа, изјавата предизвикала политичка пресметка, чија крајна цел била да се наруши угледот на Србија.

„Да, веројатно би рекла депортација, за да се избегне распнување. Секој што е нормален разбира за што зборувам“, рече таа, а потоа се обиде да оправда зошто го кажала тој термин.

„Кога сте етнички исчистени, а ние речиси сме, тогаш е природно тој термин да ви се вреже во главата“, рече таа. Дополнително, таа се обиде да го разјасни своето појавување на ТВ Курир велејќи дека не мисли дека етничкото чистење треба да се спроведува на начинот на кој, како што тврди, денес го прават косовските Албанци.

„Не со ликвидирање на некого, туку по слободна волја“, рече министерот. „Милошевиќ требаше да го стори следново: секој што не го почитува Уставот и законите на тогашната Сојузна Република Југославија требаше да биде вратен во својата матична земја, што тој мисли дека е подобро за него, а со терористите требаше да се справи официјалните вооружени сили“, тврдеше таа.

Таа упати сериозни обвинувања против министерот за внатрешни работи во Владата на Косово, Џелал Свечла, кој ѝ забрани влез во Косово, дека е „истакнат член на терористичката Ослободителна војска на Косово“.

„Тој убиваше и етнички ја чистеше Метохија, учествуваше во киднапирање луѓе, носејќи ги во ‘жолтата куќа’, каде што им ги вадеа органите“, рече таа.

Коментирајќи ги повиците на опозицијата за нејзина оставка, Пауновиќ рече дека ќе се повлече од функцијата министер за државна администрација и локална самоуправа доколку мнозинството граѓани го посакуваат тоа. „Но, мнозинството од Србија! Нема да ги исполнам желбите на ловците на фотелји, ќе биде малку потешко“, заклучи таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стручни лица од ИЈЗ викендов ги анализираат примероците од Гостивар
Следна Статија Во двата земјотреси во Венецуела загинале над 5 илјади лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Од партијата на Костадин Костадинов бараат да се блокираат парите од ЕУ за Македонија, се предлага и војна

Бугарската парламентарна партија Возраждание бара премиерот Радев да ги блoкира сите пари од ЕУ за Македонија. Oва е партијата на Костадин Костадинов…

June 21, 2026
БАЛКАН

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска поднесе оставка на функцијата. Миниќ одлуката ја потврди на денешната прес-конференција, а таа…

March 16, 2026
БАЛКАН

Во овој хрватски град од денеска бесплатен јавен превоз за сите граѓани

На првиот ден од Новата година на подрачјето на Самобор воведен е бесплатен јавен превоз за сите граѓани и посетители…

January 1, 2025
БАЛКАН

Македонски граѓанин нападнал и киднапирал старец во Хрватска

Хрватската полиција заврши кривична истрага против 34-годишен државјанин на Македонија, осомничен за закана и незаконско притворање на 71-годишен маж. Осомничениот…

April 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?