Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработен на Универзитетот во Тетово присвоил над 55.000 ЕВРА од студентите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вработен на Универзитетот во Тетово присвоил над 55.000 ЕВРА од студентите
ХРОНИКА

Вработен на Универзитетот во Тетово присвоил над 55.000 ЕВРА од студентите

Објавено July 20, 2026 12:54
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, поради сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.

Според Управата, пријавениот А.З., кој работел како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, во периодот од март 2020 до февруари 2023 година ја злоупотребил службената положба за да прибави противправна имотна корист.

Како што се наведува, наместо готовинските средства што студентите од Природно-математичкиот факултет, Факултетот за физичка култура и Факултетот за медицина му ги доверувале за уплата на сметката на Универзитетот преку системот Е-pay, по основ на партиципација, кофинансирање и други трошоци за студирање, тој ги присвојувал за себе.
Со ваквите дејствија, според сомнежите на Финансиската полиција, осомничениот противправно се стекнал со имотна корист од 3.362.272 денари (ОКОЛУ 55.000 ЕВРА), а за истиот износ му нанел штета на Буџетот на Универзитетот во Тетово.

За да го прикрие присвојувањето на парите, осомничениот, според пријавата, изработувал фалсификувани потврди за наводно извршени уплати преку системот Е-pay и им ги предавал на студентите како доказ дека средствата се уплатени.

Финансиската полиција наведува дека при изработката на фалсификуваните документи биле искористени податоци, вклучително и QR-код, од автентична потврда за електронска уплата, по што биле менувани податоците за уплатувачот, износот и датумот на уплатата.

Студентите, верувајќи дека нивните обврски се подмирени, ги прикачувале овие потврди во електронскиот систем на Универзитетот и ги доставувале до студентската служба како доказ за извршена уплата, соопшти Управата за финансиска полиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јавен повик за обука на негователи за помош и нега во дом за стари лица во Битола
Следна Статија Градоначалникот на Гостивар не чувствува морална одговорност за загадената вода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Двајцата инспектори од УЈП остануваат во куќен притвор – Судот ја одби жалбата на ОЈО Кочани

Основниот суд – Кочани ја одби жалбата на Обвинителството со барање за промена на домашниот притвор со ефективен затворски притвор…

November 24, 2025
ХРОНИКА

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во две приватни училишта и музеј во Скопје

Во две приватни училишта и музеj во Скопје утрово пристигнале електронски пораки за поставени бомби, информираат од Секторот за внатрешни…

November 24, 2025
ХРОНИКА

Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен

Aвтобус на Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) удрил во машко лице на возраст од околу 60 години денеска околу 11:45 часот…

January 17, 2025
ХРОНИКА

Уапсен 22-годишникот што усмрти жена на тротоар во Охрид

Вчеравечер во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид,…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?