Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повторно лоша вест за опозицијата, нема ни оваа година да банкротираме, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Повторно лоша вест за опозицијата, нема ни оваа година да банкротираме, вели Мицкоски
ПОЛИТИКА

Повторно лоша вест за опозицијата, нема ни оваа година да банкротираме, вели Мицкоски

Објавено July 20, 2026 13:49
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и надворешните фактори, ја консолидираат македонската економија. Верува дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од целата работа.

Вели дека повторно има воени дејства од големи размери во Персискиот Залив и повторен раст на цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи, што, како што нагласува за Владата, претставува предизвик.

Денеска, на владина седница, на вонредна владина седница, ќе ја продолжиме кризната состојба и во рамките на оваа кризна состојба ќе ги намалиме акцизите за безоловните бензини и за дизел-горивата, со што колку-толку ќе влијаеме позитивно за граѓаните, а негативно за цената, бидејќи таа ќе се намали. Очекувам да продолжиме и понатаму да бидеме со убедливо најниска цена на бензините и на дизел-горивата – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на општина Велес.

Премиерот нагласи дека голем дел од инвестициите веќе почнува да се реализира и оти следните месеци граѓаните ќе имаат можност да бидат сведоци на сите овие проекти.

Очекувам и во вториот квартал да имаме солиден раст на бруто-домашниот производ имајќи предвид дека во април градежништвото беше над 40 %, трговијата исто така е двоцифрена, имаме раст во туризмот, буквално во сите сегменти. И покрај, би рекол, предизвикувачката состојба, ќе биде тешко, но нема да очајуваме, ќе се бориме. Имаме план, сосема пристојно се полни буџетот, би рекол над нашите очекувања – истака премиерот Мицкоски.

Тој очекува, како што рече, опозицијата да продолжи со креирање невистини и шпекулации.

Требаше да банкротираме 2024, па не банкротиравме, па 2025-та… Еве повторно лоша вест за опозицијата – нема ни оваа година да банкротираме. Платите ќе се зголемуваат во рамките на колективните договори, во рамките на законот и пензиите. Сите обврски ќе се исплаќаат онака како што е предвидено со буџетот – потенцира премиерот.

Задоволен е и од реализацијата на капиталните инвестиции, која, според него, исто така, е согласно планот.

Опозицијата нè убедуваше дека во април мигранти ќе шетаат низ Македонија, еве јули завршува – немаме мигранти, повторно на нивна штета, а за добро на граѓаните. Ќе мора тој фолклор и таа естрада да ја слушаме од опозицијата до следните избори, кога народот повторно ќе ги порази и конечно ова естрадно друштво, кое е лидерство во опозицијата, претпоставувам ќе замине од политичката сцена и ќе дојдат луѓе коишто ќе направат една конструктивна структура која ќе се грижи за националните интереси, ќе работи со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на градење на национални ставови – рече премиерот.

Вели дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резулатите.

Очекувам конечно да почне изградбата на брзата пруга Коридор 10. Шест автопати во еден момент ќе се градат, еден го завршуваме, така што имаме навистина голема реализација на приоритетите. И во периодот којшто следи, лично јас, заедно со ресорните министерства и министри и членови на Влада ги следам овие проекти, така што добрите времиња се пред нас – рече Мицкоски во одговорот на новинарското прашање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се апси менаџментот на гостиварскиот „Водовод“
Следна Статија Анисимова се разголи (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ пак се жали: На „Охридско лето“ немало албанска култура

„Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво претставување на албанската култура…

July 14, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Зоран Заев, Венко Филипче и…

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски до Филипче: Не се плашиме од вашите „предупредувања“ и притисоци кон членовите на ЗНАМ

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски денеска на прес конференција откри дека добивал стотици пораки од негови членови и поддржувачи, луѓе…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ местела милионски тендери во РЕК Битола преку нивна омилена компанија

За да одиме напред мора да ја знаеме фактичката состојба, што е оставено од претходно. Одговорот е руинирани институции, корупција…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?