Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена
МАКЕДОНИЈА

Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена

Објавено July 21, 2026 08:29
Сподели
Сподели

Обвинителството ги објави резултатите од анализата на примероците на вода во Гостивар од кои се констатира дека таа е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена. Отворена е истрага против директорката и уште двајца раководители на гостиварски „Комуналец“, кои се приведени.

Основното јавно обвинителство Гостивар започна истражна постапка за тројцата приведени за „Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење“.

– Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП „Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и  раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното претпријатие, со штетна матeрија ја направиле неупотреблива водата за пиење во преливната комора на системот кој ја снабдува со вода Општина Гостивар и дел од околните села, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Тие на 25 јуни дале налози на вработени во претпријатието да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора со вода за пиење за да го тестираат притисокот на водата.

На 16 јули, при извршен увид на самото место, констатирано е дека две од потопните пумпи се уште биле во употреба и преку потисни црева поставени низ преливниот отвор ја пренесувале водата со штетна материја-колиформни бактерии од отворен систем – канал во комората каде се наоѓа вода од системот за пиење со определен дефиниран квалитет во затворен систем.

Во системот дошло до мешање односно пренесување на вода со штетни материи од каналот во главниот цевковод за водоснабдување.

По наредба на јавен обвинител, Институтот за јавно здравје изврши анализи на земени примероци од површинската вода од отворениот канал при што е констатирано дека водата е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена поради присуство на колиформни бактерии од 2419,6 cfu/100 мл наспроти максимално дозволените 50 cfu/100 мл а во примероците земени од каптиран извор е констатирано дека водата има зголемен број на аеробни мезофилни бактерски колонии како и наод на колиформни бактерии каде во референции треба да има 0 cfu/100 мл додека во водата се пронајдени 39 cfu/100 мл. Поради високата загаденост водата станала неупотреблива и не е безбедна за употреба и консумација од страна на луѓето.

Дополнително анализиран е примерок земен од чешма на Ул. ЈНА во Гостивар каде е констатирано дека во водата има високо присуство на хлор и тоа концентрација на резидуален хлор од 1,1 мг/л кој претставува отстапување од максимално дозволената вредност според важечкиот правилник каде е опишан оспег од 0.2 до 0.3 мг/л но не повеќе од 0.5 мг/л.

Имајќи предвид дека настанатите промени од загадувањето не можат лесно да се отстранат, јавниот обвинител оцени дека се исполнети обележјата кои даваат основано сомнение дека е сторено наведеното кривично дело.

Основното јавно обвинителство Гостивар продолжува да презема истражни дејствија за целосно испитување на настанот. Осомничените се лишени од слобода и во текот на денов јавен обвинител ќе одлучи дали и какви  мерки за нивно обезбедување ќе предложи на судот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мега-скандал во Украина: Си купил 143 станови по цена на мобилен телефон
Следна Статија Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нема алкохол и пушење по собите- ќе се применуваат строги правила во студентските домови

Во македонското Собрание се доставени измени на Законот за студентски стандард, со кои се заоструваат условите за користење на сместувањето…

July 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Дајте им вода за пиење на луѓето во Струмица и Гостивар

Не владее СДСМ туку ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои имаат реален проблем, што треба да се реши со водата за пиење…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Државата ги продава луксузните станови одземени од Груевски

Џакузи на тераса, панорамски поглед кон Скопје, пространи дневни соби и големи балкони. Вака изгледаат трите луксузни апартмани во комплексот…

July 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Паднато дрво го блокира влезот на ОУ „Киро Глигоров“ – учениците влегуваа од другата страна

Паднато дрво го блокира главниот влез на ОУ „Киро Глигоров“ во Капиштец, на потегот од ул. Васил Ѓоргов кон Заводот…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?