Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Невреме го погоди Стар Дојран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ФОТО) Невреме го погоди Стар Дојран
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Невреме го погоди Стар Дојран

Објавено July 21, 2026 10:24
Сподели
Сподели

Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа општинските власти.

Според информациите од Доброволното противпожарно друштво „Дојран”, кои први излегоа на теренот да интервенираат, големи дрвја се паднати во градскиот парк, како и на игралиштето со справи за вежбање кое пред неколку години го направи Агенцијата за млади и спорт. Паднати дрвја имало и кај детскиот рингишпил на шеталиштето, кај хотелот „Романтик”, пицеријата „Вавилон”, на главниот пат поради што извесен период патот бил прооден само во една сообраќајна лента, а неколку часови во прекин била и електричната енергија од безбедносни причини.

Стар Дојран беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветар кое за среќа помина без повредени, само со материјална штета. Екипите на ДППД Дојран и доброволна група граѓани,екипите на ЕВН веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на паднатите дрвја и причинетите штети, и на терен ќе останат цела ноќ, се до нивно расчистување, објави на својот профил доцна вечерта градоначалникот на Дојран, Илија Тентов.

Тој упати апел до сите граѓани да пријават непроодни улици, поплавени куќи, подруми, со цел да се интервенира брзо и соодветно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хоџа: Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, очекувам кривична и морална одговорност
Следна Статија Епидемиологот Даниловски со комплетна анализа за случајот со Гостивар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ганиу: Од девет дури 7 училишта во Чаир биле изградени „на диво“

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу синоќа во гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ обелодени дека од девет училишта на…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски уште не е повикан во Обвинителството да даде исказ за прислушувањето и следењето

Премиерот Мицкоски се уште не е повикан да даде исказ во Обвинителството за скандалот со прислушувањето и следењето од страна…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Обвинителството да го истражи и тендерот за набавка на униформи и сите тендери за кои постојат сомнежи за незаконитост

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги повика Јавното обвинителство и останатите институции да го истражат не само тендерот…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пораките на Рубио се јасен сигнал, светот веќе не функционира по старите правила, вели Мицкоски

Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не…

February 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?