На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).
Пред да дојде во ФЗО, Перински ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, но беше разрешен заедно со уште седум министри во рамки на владината реконструкција. На директорската позиција во ФЗО доаѓа како наследник на Сашо Клековски, кого Собранието пред една седмица го избра за нов министер за здравство.
Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси, а дека во својата кариера ги извршувал функциите министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје и управител на СЦ „Борис Трајковски“.
