Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се расчистуваат последиците од невремето во Скопје (ФОТО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се расчистуваат последиците од невремето во Скопје (ФОТО)
МАКЕДОНИЈА

Се расчистуваат последиците од невремето во Скопје (ФОТО)

Објавено July 22, 2026 08:25
Сподели
Сподели

Полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции, информира Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции.

Според МВР, најголеми последици од невремето се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22 часот вчера се евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица.

Оштетени се и повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

На подрачјето на СВР Куманово се пријавени девет оштетени возила и три оштетени кровови, додека на подрачјето на СВР Тетово се евидентирани пет настани – три оштетувања на патнички моторни возила и две оштетувања на кровови. Во Гостивар нема пријавени оштетувања ниту повредени лица.

Во СВР Велес се пријавени две оштетувања на патнички моторни возила предизвикани од паднати дрвја, а на подрачјето на СВР Штип се регистрирани 14 оштетувања на патнички возила и шест оштетувања на кровни конструкции.

На подрачјето на СВР Струмица пријавени се паднати електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин на снабдувањето со електрична енергија во селото Свидовица.

МВР соопшти дека на подрачјето на СВР Битола не се регистрирани значителни последици, освен краткотраен силен ветер на подрачјето на Полициската станица Македонски Брод, без пријавени материјални штети или паднати дрвја.

Во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Север, најзначајни последици се регистрирани на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, каде поради протекување на кровот бил предизвикан прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу еден и пол час.

Во Транзитниот центар Табановце се регистрирани оштетувања на дел од привремените објекти за сместување на мигранти, како и паднати дрвја, без предизвикана материјална штета.

Од МВР информираат дека полициските службеници продолжуваат со активностите за расчистување на последиците од невремето и обезбедување на безбедноста на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Модриќ не си оди од Милан
Следна Статија Бодрете го вечерва Вардар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка

Најниска температура од -8 степени Целзиусови утринава е измерена во Берово, а речиси секаде во земјава се измерени минусни температури…

December 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Toшковски најави функционален систем за управување со кризи

Потребно е време за да има системски решенија за справување со пожари, поплави, земјотреси во земјава, како и создавање на…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

М-НАВ: Целосно завршен процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар

М-НАВ информира дека денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на…

December 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денеска мора да имаме зимска опрема во возилата

Од денес започнува обврската за зимска опрема во нашите возила. Па за да бидеме 100% сигурни, еве што значи тоа.…

November 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?