Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВРЕДИ: Каде исчезнаа 7 милиони евра од швајцарската донација за водоснабдувањето во Гостивар?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВРЕДИ: Каде исчезнаа 7 милиони евра од швајцарската донација за водоснабдувањето во Гостивар?
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Каде исчезнаа 7 милиони евра од швајцарската донација за водоснабдувањето во Гостивар?

Објавено July 23, 2026 11:15
Сподели
Сподели

Коалицијата ВРЕДИ упати серија обвинувања кон Арбен Таравари, тврдејќи дека неговите сегашни изјави се во спротивност со ветувањата што ги давал додека бил на чело на Општина Гостивар.

Од ВРЕДИ посочуваат дека Таравари во минатото ја обвинувал тогашната власт за негрижа и за проблемите со водоснабдувањето, додека денес, според нив, тврди дека го решил проблемот со водата во Гостивар „за наредните 100 години“.

Коалицијата наведува дека не се реализирале ниту најавените два големи резервоари за вода, кои, како што велат, биле ветени во 2022 година со финансиска поддршка од Швајцарија.

„Каде исчезнаа 7 милиони евра помош од Швајцарија?“ прашуваат од ВРЕДИ, додавајќи дека граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и отчетност.

Во соопштението тие оценуваат дека граѓаните немаат потреба од оправдувања, туку од безбедна вода за пиење и институции што ќе функционираат ефикасно.

ВРЕДИ бара целосна одговорност од сите функционери кои, според нив, потфрлиле во заштитата на јавното здравје и инсистира целата вистина за случајот да биде целосно разјаснета. Коалицијата додава дека Арбен Таравари треба да одговори пред граѓаните со истите стандарди што, како што велат, претходно ги барал од своите политички противници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Да не побарале амбасадорите Ахмети никогаш немало да го истакне државното знаме
Следна Статија Родри во Реал!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета…

October 24, 2024
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Обвинителството да не молчи, итна истрага за прислушкувањето на Мицкоски, новинарите и бизнисмените

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, побара од Јавното обвинителство итна истрага за случајот со следење и прислушкување на претседателот на…

September 5, 2025
ПОЛИТИКА

Радев вели дека Македонија самата се блокира на патот кон ЕУ

С Македонија самата се блокира на патот кон Европската Унија, зашто не е подготвена да ги исполни критериумите за членство,…

July 14, 2025
ПОЛИТИКА

Крмов: Млекарниците ги уценуваат сточарите – Владата да гарантира откуп на млекото

Левица бара Владата итно да интервенира за заштита на домашните млекопроизводители, да обезбеди целосен откуп на домашното млеко по цена…

June 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?