Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Издрогиран скопјанец со голема брзина прегазил жена и избегал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Издрогиран скопјанец со голема брзина прегазил жена и избегал
ХРОНИКА

Издрогиран скопјанец со голема брзина прегазил жена и избегал

Објавено November 6, 2024 15:43
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1, но и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода според член 301 став 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот 46-годишен скопјанец, на 2 ноември, управувал автомобил „хонда“ под дејство на опојна дрога. Во селото Марино возел со брзина поголема од дозволената и неоприспособена спрема условите на патот, така што кога се доближил до раскрсница меѓу две улички не забележал дека на коловозот има жена-пешак. Неможејќи навреме да запре, со автомобилот удрил во телото на жената, која се здобила со тешки телесни повреди и починала. Осомничениот, по несреќата, веднаш го напуштил местото на настанот и се обидел да го прикрие стореното кривично дело, се вели во обвинението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Како што соопшти МВР претходно, на 02.11.2024 година во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во село Марино, скопско, патничко возило „Хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден, скопско, удрило во пешакот В.Н.(78) од село Марино, а потоа возилото го напуштил местото на настанот.

Полициски службеници од Полициското одделение Петровец по преземени мерки го пронашле возачот и сопственикот на патничкото возило.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Победата на Трамп ќе ги прекине кривичните постапки против него
Следна Статија Да се укине недела неработен ден, бараат од МАСИТ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Запалиле душеци за да ги извадат федерите во депонија во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(38) од Прилеп, со привремен престој во Струга и против…

September 5, 2025
ХРОНИКА

Млад маж загина при сеча на дрва во Горно Мелничани

Вчера во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од с.Седларево,…

July 14, 2026
ХРОНИКА

Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица

Рано утринава околу 02.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, патничко…

December 21, 2024
ХРОНИКА

Детали за трагедијата во која 2-годишното дете почина поради тешки повреди на мозокот

Повреденото дете во новогодишната ноќ кое беше примено на Клиниката за неврохирургија во Скопје, утрово почина како резултат на многу…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?