Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Да се укине недела неработен ден, бараат од МАСИТ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Да се укине недела неработен ден, бараат од МАСИТ
ЕКОНОМИЈА

Да се укине недела неработен ден, бараат од МАСИТ

Објавено November 6, 2024 18:13
Сподели
Сподели

Да се укине „недела неработен ден“ и да им се овозможи на ИТ инженерите работа од дома, како и скратено работно време, бара Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Ова, како што му беше предочено денеска на премиерот Христијан Мицкоски, се поволности кои во светот се применуваат со години.

Како што изјави претседателката на МАСИТ, Анета Антова Пешева по средбата со Мицкоски, ИТ индустријата се надева дека дигиталната трансформација во земјава брзо ќе се случи.

-Бараме големи измени во Законот за работни односи. Се надевам дека соработката што ја имаме, ќе продолжи. Го поздравуваме Советот за дигитална трансформација на државата. Се надеваме дека дигиталната трансформација брзо ќе се случи, а тоа значи ставање на сите хартии и документи во дигитална форма. Потоа ќе поминеме на фазата интероперабилност меѓу институциите за да можат граѓаните да почувствуваат дека навистина нешто е направено и дека побрзо ќе течат процесите, истакна Антова Пешева.

Таа информира дека МАСИТ предложила воспоставување јавни-приватни партнерства со домашни и безбедносно сертифицирани фирми кои ќе им помогнат на органите и министерствата со стручен кадар.

Мицкоски ја пофали досегашната соработка со МАСИТ. Рече дека сите средби биле конструктивни средби и од нив произлегле многу идеи и предлози кои потоа резултираат со политики.

-Импресивен е фактот дека како ИКТ индустрија имаме повеќе од половина милијарда евра извоз во 2023 година и тој претпоставувам продолжува да расте, тоа е нешто што додава вредност во нашата економија. Голем дел од овие луѓе коишто работат во ИКТ индустријата, тоа се повеќе од 20 000, мислам дека во 2023 година повеќе од 21 000 се вработените во ИКТ, се луѓе кои останале тука, дома и од тука се борат не само за своето семејство и својата егзистенција, туку и за својата татковина и тие лично од мене имаат огромна почит, имајќи превид дека се дефицитарни и дека имаат поголема понуда. Секогаш луѓето кои останаа тука и кои се борат за својата татковина од мене ќе ја имаат почитта и секогаш ќе имаат приоритет во политиките на оваа Влада, а политиките на оваа Влада се да ги привлечеме младите кои, за жал, ја напуштија земјата, да се вратат дома и тоа Македонија го заслужува, потенцира Мицкоски.

На средбата, додаде, бил направен рекапитулар на се што било претходно зборувано.

-Добивме идеи, предлози што до сега биле дисфункционални, дел од тие и веќе ги имплементираме. Пред нешто повеќе од една недела почнавме со проектот на нудење услуги за граѓаните со кои нема да има понижувања, шалтерски чекања,… Се сеќавате како беше кога се вадеа пасоши, лични карти, возачки дозволи. Пред повеќе од една недела во Аеродром отворивме таква канцеларија која нуди повеќе од 120 услуги, меѓу кои и изводи од матичната книга на родените, стаж, катастарски услуги,… и тоа продолжуваме да го правиме во други општини во државата, рече премиерот.

Во однос на дигитализацијата, потсети дека има посебно Министерство за дигитална трансформација.

-Министерството работи посветено. За овие неколку месеци се направија навистина големи чекори напред. Очекувам така да се продолжи и во иднина. Не е доволно, денеска разгледавме неколку параметри, очекувам информатичката култура во државата да се зголемува, да биде што подостапна и што повеќе корисници да има, барем да го стигнеме европскиот просек, сега сме под тој европски просек. Јас како инженер лично го стимулирам тоа и ќе го поддржувам, тука не треба да имаме никаква дилема, нагласи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Издрогиран скопјанец со голема брзина прегазил жена и избегал
Следна Статија Ако може секој македонски граѓанин да плаќа патарина, мора да плаќа и вработен во МВР, реагира Тошковски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бранови на заработка: Tesla, Microsoft, Meta и Apple водат во финансискиот свет

Главните пазарни индекси се над клучните нивоа, додека малите компании достигнаа историски врвови.

January 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

Промената во сметањето на времето од летно во зимско и обратно, не прави некоја посебна разлика за бизнисот, многу побитно…

October 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Целна Црна петок 2025: Преку 101 најдобри понуди за купување додека можете

Целната продажба за Црна петок веќе е officially активна. Заштедете многу на електроника, дома, убавина и друго.

November 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски објави инвестиција од околу 100 милиони евра во енергетиката

Во Владата денеска беа потпишани договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза…

December 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?