Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се олеснува поставувањето на фотоволтаици на кров, домаќинствата ќе имаат право до 10 киловати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе се олеснува поставувањето на фотоволтаици на кров, домаќинствата ќе имаат право до 10 киловати
ЕКОНОМИЈА

Ќе се олеснува поставувањето на фотоволтаици на кров, домаќинствата ќе имаат право до 10 киловати

Објавено August 6, 2025 15:03
Сподели
Сподели

Министерството за енергетика подготвува ново законско решение со кое ќе се зголеми прагот за кровните фотоволтаици на домаќинствата или потрошувачите-производители до 10 киловати, дознава „Фактор“.

Истовремено ќе се скрати рокот за издавање на дозволи за инсталација на кровни фотоволтаици. За првпат во законската регулатива се предлага да се воведе законски рок за административната постапка за издавање на дозволи за поставување на кровни фотоволтаици за потрошувач – производител.

Тројно ќе се зголеми и заштедата во јавниот сектор, односно МЕРМС во соработка со Службата за општи и заеднички работи при Владата подготвува и предлог план за реконструкција на згради кои се користат во јавниот сектор, и тоа со реконструкција на најмалку 3 отсто од корисната подна површина на зградите годишната заштеда на енергија се зголемува од 1 на 3 проценти. Ова се однесува на објекти со вкупна корисна подна површина над 250 квадратни метри кои не ги исполнуваат минималните барања за енергетски карактеристики, а кои се користат од страна на лицата од јавниот сектор на државно ниво.

Инсталацијата на соларни колектори за топла вода во новите јавни објекти или при значајна реконструкција на објекти станува задолжителна, доколку е технички и економски изводливо.

МЕРМС воспоставува и финансиски механизми, јавни повици и едношалтерски систем за поддршка на проекти за енергетска ефикасност и ОИЕ, овозможувајќи инвестиции во соларни панели, геотермални системи и паметни технологии, како механизми за постигнување на целите на Стратегијата за реконструкција.

Јавниот сектор се обврзува да набавува производи, возила и згради со највисоки енергетски и еколошки стандарди, вклучувајќи сертификати за енергетски карактеристики, промовирајќи технологии со низок јаглероден отпечаток.

Измените влијаат и креирање можност за меѓуопштинска соработка за локален развој во општини со помалку од 15.000 жители. Тие можат да формираат заеднички тела за програми за енергетска ефикасност, и со усвојување на програма за енергетска ефикасност ќе добијат пристап и до Фондот за енергетска ефикасност.
Овие измени се предвидуваат во предлозите за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги објави на ener.gov,mk.

Рокот од еден месец ќе се однесува на постапката за издавање дозвола за поставување соларна опрема со капацитет до 100 киловати, како и за потрошувач-производител на обновлива енергија и за заедници на обновлива енергија. Со измените потрошувачите-производители добија повисоки прагови за своите електрани и тоа за домаќинствата лимитот е до 10 киловати, а компаниите до 70 киловати.

Со предлог измените се поедноставува и постапка за приклучување на електродистрибутивната мрежа на потрошувач-производител кој користи обновливи извори на енергија.

– Доколку при анализа на условите за приклучување се утврди дека не е можно приклучување на предложената локација, операторот на електродистрибутивниот систем е должен во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето за приклучок, писмено да го извести барателот и да му предложи алтернативна точка за приклучување, врз основа на технички и безбедносни причини или некомпатибилност на компонентите на системот. Операторот на електродистрибутивниот систем е должен да го приклучи енергетскиот објект на електродистрибутивната мрежа во рок од еден месец од официјалното потврдување на комплетноста на поднесената документација. Доколку операторот на електродистрибутивниот систем не се произнесе во рокот од мрежните правила се смета дека согласноста за приклучување е дадена, објави предлагачот.

Министерството предлага и 20-годишна стратегија за реновација на станбени, јавни и комерцијални згради со енергетски ефикасни решенија. Односно, Владата, на предлог на МЕРМС донесува и долгорочна стратегија за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради, со која овие градби и стамбени и деловни објекти ќе ги трансформира во високо енергетски ефикасни објекти со речиси нулта потрошувачка, со можност за широка интеграција на обновливи извори на енергија (ОИЕ), како што се соларните системи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милан Кораќ нов извршен директор во М-НАВ
Следна Статија Поранешен порно актер и сексуален работник стана министер за еднаквост во Колумбија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Пробиен последниот тунел за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот фејсбук профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно…

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

ОПЕК+ предупредува на трошоците за поправка на оштетените енергетски капацитети на Блискиот Исток

Осум земји што го сочинуваат јадрото на групата производители на нафта ОПЕК+ денеска изразија загриженост поради нападите на Иран врз…

April 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти

Просечните цени на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти споредено со истиот месец…

September 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе ја реконструираме пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево

Очекувам за четири години да имаме целосно реконструирана и модернизирана пруга од Скопје до Кичево, истакна во интервју за ТВ…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?