Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВРЕДИ: Изгубените од ДУИ со последните три прес конференции може да конкурираат во категоријата најсмешни видео инсерти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВРЕДИ: Изгубените од ДУИ со последните три прес конференции може да конкурираат во категоријата најсмешни видео инсерти
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Изгубените од ДУИ со последните три прес конференции може да конкурираат во категоријата најсмешни видео инсерти

Објавено November 7, 2024 19:11
Сподели
Сподели

Смрзнати од страв што се одмотува клопчето во Лотарија и матните зделки на Артан и Прпарим излегуваат на површина, смислиле оригинална идеја – да ги обвинат Изет Меџити, Арбен Таравари и Коалицијата ВЛЕН за нивните коцкарски зделки. Вакво глумење на удрени досега не е видено во политичкиот плурализам, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ.

Еве ги фактите:

Одлуката за основање на Државна Видео Лотарија – ВЛТ со содружник Казинос Аустриа е донесена во 2013 година, кога на власт се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и цвета коалицијата Груевски, Мијалков Ахмети.

Тогаш, вицепремиер е Муса Џафери, кој и денес е пратеник, а министри од ДУИ се Фатмир Бесими и Бујар Османи, кој уште се дел од највисокото партиско раководство на опозицијата.

Ајде да ги разобличиме нивните лицемерни напади:

Бидејќи ДУИ упорно тврди дека Коалицијата ВЛЕН наводно со автентично толкување го вратила монополот на Казинос Аустриа, тогаш нека одговорат зошто 10 години сметано од 2013, истите од позиција на власт не преземале ниту еден чекор за отстранување на истиот монопол за кој сега обвинуваат?

Кога веќе шпекулираат со наводен незаконски профит од 100 милиони евра годишно, дали по истата логика ДУИ додека била власт наплатила вкупно 1 милијарда евра црн кеш?

Зошто на „чесните“ од ДУИ дури во 2023 или 10 години после партнерството со Казинос Аустриа, им текнува да основаат нова Државна Видео Лотарија под името НОВО ВЛТ, каде „случајно“ во раководни органи се Прпарим Бајрами, Артин Спахиу и Омер Буњаку, тројцата блиски луѓе на Артан Груби?

Дали и каква врска има ваквата одлука за основање НОВО ВЛТ со странските
ПР консултанти во кампањите на ДУИ?

Дали за интернет коцкарската платформа „Мега Вин“, Прпарим има платено
10 милиони евра?

Без одговори на овие прашања, корумпираното раководство на ДУИ нема што да бара кај Албанците. Што се однесува до нивната тактика, сакаме да им го порачаме следното.

Смешните прес конференции нема да ги спасат од правосудна одговорност сите што се огрешиле пред законите, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина 5-годишно девојче на Детската клиника
Следна Статија Беше пример за вистинска спортистка: Регионот потресен од смртта на Хана Влашиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Цело раководство на СДСМ си поднесе оставка

Раководството на СДСМ, заедно со членовите на Извршниот одбор, вчера вечерта поднесоа оставки на предлог на партискиот лидер Венко Филипче.…

December 3, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: За Кочани мора да има неселективна правда, сите да бидат опфатени со истрагата

Мора да има неселективна правда за Кочани, треба да се опфатат и сегашни функционери, коишто во моментот на случување на…

April 10, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети: Како може Македонците да ни избираат градоначалник во Тетово?

На митингот на коалицијата Алијанса зa Интеграција (АКИ) во Боговиње, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, зборуваше за влијанието на премиерот…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Нова развојна фаза на Македонија, Мицкоски најави 70 нови проекти во повеќе области

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?