Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина 5-годишно девојче на Детската клиника
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина 5-годишно девојче на Детската клиника
ХРОНИКА

Почина 5-годишно девојче на Детската клиника

Објавено November 7, 2024 18:51
Сподели
Сподели

Петгодишно девојче почина од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, пренесува „Сител“. Од клиниката информираат дека девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба ѝ се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега каде ѝ била направена и интубација, но како што велат од Клиниката, и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит, а завчера констатирале смрт.

За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести. За 14-месечното девојче од Грчец се уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица ДСЗИ согласно нивните надлежности не констатираше пропусти во лекувањето.

Засега нема информации дали и каде било лекувано 5 –годишното девојче пред да биде донесено на Детска. Од ДСЗИ информираат дека и за овој случај ќе извршат вонреден инспекциски надзор, по што ќе ја информираат јавноста за фактичката состојба околу третманот на починато дете.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Maжите најчесто умираат од рак на простата
Следна Статија ВРЕДИ: Изгубените од ДУИ со последните три прес конференции може да конкурираат во категоријата најсмешни видео инсерти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во Белгија пронајден скелет на македонски државјанин исчезнат пред 22 години

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин…

January 22, 2026
ХРОНИКА

Родители од Кочани добиваат заканувачки пораки на социјалните мрежи

Дел од родителите на настраданите во трагичниот настан во Кочани сведочат дека во изминатиот период преку социјалните мрежи им пристигнуваат…

June 18, 2025
ХРОНИКА

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побарани притворски мерки за две лица кои нападнаа новинарска екипа

Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, Основното јавно обвинителство Скопје поведе итна постапка против две лица – маж…

July 10, 2025
ХРОНИКА

Манев вели дека Палевски ја сликал Вања со вперен пиштол: „Пиштолот и моторолите ги уништи послушник на Палчо“

Денеска во кривичен суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Сведочеше Велибор Манев, кој одговараше на…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?