Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Азизи: Предвремени избори нема да има, Албанците му дадоа црвен картон на ДУИ пред 4 месеци!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Азизи: Предвремени избори нема да има, Албанците му дадоа црвен картон на ДУИ пред 4 месеци!
ПОЛИТИКА

Азизи: Предвремени избори нема да има, Албанците му дадоа црвен картон на ДУИ пред 4 месеци!

Објавено November 7, 2024 20:48
Сподели
Сподели

Портпаролката на Владата Венера Љатифи- Азизи во интервју за весникот Лајм ги отфрли гласините за можноста за одржување предвремени парламентарни избори, заедно со локалните, следната година.

Според неа, одржувањето на предвремени избори граѓаните би ги чинело над 10 милиони евра.

-Нема индиции за предвремени избори затоа што проценуваме дека за да се одржат предвремени избори треба да се потрошат дополнителни 10 милиони евра, пари од буџетот, пари од народот, значи да им ги земеме парите на граѓаните за да ги спроведеме избори кои ги имавме пред само 4 месеци.

Нелогично е повторно да оддржиме избори. Наместо тие пари да се користат за инвестиции, изградба на училишта, спортски сали, за изградба на патна инфраструктура која е заборавена, ние зборуваме за предвремени парламентарни избори“, изјави г-ѓа Љатифи- Азизи за весникот Лајм.

Според неа, Владата никогаш не била постабилна.

„-За ова говорат бројките што ги имаме во Собранието на Македонија, имаме 78 пратеници. Ова мнозинство има индикации за зголемување во иднина. Тие што зборуваат за предвремени избори во Северна Македонија е ДУИ, партијата која пред само четири месеци беше делегитимирана со гласот на Албанците и отиде во опозиција, рече Љатифи-Азизи.

Портпаролката на Владата рече дека партијата која сега е најгласна во барањето за предвремени избори, ДУИ, пред само четири месеци доби црвен картон од Албанците, на изборите.

-Сега слушам изјави и велат да одиме на предвремени избори, ако изгубиме ќе си одиме дома. Но, пред само 4 месеци се изгубија и си заминаа дома.

Добро е сега да останат таму каде што ги испрати народот, како што им дадоа илјадници пасоши на млади момчиња, жени, мајки, татковци да тргнат по патот на печалбата, на истиот начин албанското население им даде црвен картон и ги седна на трибина да видат како се води држава.

Ако ДУИ толку сака да има предвремени парламентарни избори, има политички механизми, тоа е Собранието, нека побараат распуштање на Собранието и ќе видиме како ќе поминат таму со бројките, рече Љатифи-Азизи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лоша карма: Кој се слика со Зеленски станува поранешен
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорче Петров ја добива првата катна гаража, најави градоначалникот Стојкоски

Општина Ѓорче Петров ќе добие катна гаража, ова го ветува кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски. -…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Шилегов, Таче, Зечевиќ, Богоев, Бисера,Славјанка…никој не му дојде на Филипче на седницата на Централниот одбор на СДСМ

Седницата на Централниот одбор на СДСМ, одржана синоќа и на која е одлучено да се одржи конгрес за избор на…

November 6, 2024
ПОЛИТИКА

На Пендаровски не му е нормално новото нормално на Трамп

Поранешниот претседател Стево Пендаровски вечерва изјави дека го загрижува позиционирањето на Владата во поглед на новата американска администрација. Многу е…

March 8, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: На Ахмети му преседнаа кексите и гурабиите

Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот кај Лазаров му порача на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека ќе му преседнат кексите…

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?