Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Принц Вилијам: Ова беше најтешката година во мојот живот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Принц Вилијам: Ова беше најтешката година во мојот живот
ЗАБАВА

Принц Вилијам: Ова беше најтешката година во мојот живот

Објавено November 8, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Принцот од Велс ја опиша изминатата година како „најтешката година“ во неговиот живот.

Зборувајќи со новинарите на крајот од неговата посета на Јужна Африка, принцот Вилијам говореше за тоа како се снашол откако и на неговата сопруга и на неговиот татко им бил дијагностициран рак.

– Беше страшно. Веројатно беше најтешката година во мојот живот. Така што беше многу тешко да поминам низ сè друго и да одржувам сè на вистинскиот пат, рече тој одговарајќи на новинарско прашање каква му била годината која беше тешка за кралското семејство.

Бакингемската палата во февруари соопшти дека кралот има рак и оти ќе почне со лекување. Само шест недели подоцна беше објавено дека принцезата од Велс е подложена на хемотерапија по дијагностициран рак.

Оттогаш, кралот се врати на јавните должности, а Кејт го заврши лекувањето со хемотерапија.

– Многу сум горд на мојата сопруга, горд сум на мојот татко за тоа како се справија со работите … Но, од лична семејна гледна точка, тоа беше брутално, рече Вилијам.

Принцот од Велс беше во Јужна Африка на церемонијата на доделување на наградите Earthshot.

Принцот од Велс беше во Јужна Африка на церемонијата на доделување на наградите Earthshot.

Во средата вечерта, пет проекти освоија по еден милион фунти парична награда за нивните еколошки иновации.

Тој исто така беше прашан за улогата на принцот од Велс и дали му се допаѓа слободата и одговорноста што ги носи.

– Тоа е незгодно прашање. Дали ми се допаѓа поголема одговорност? Не, рече тој.

– Дали ми се допаѓа слободата што можам да изградам нешто како Earthshot, тогаш да. И тоа е иднината за мене. Многу е важно со мојата улога и мојата платформа, да правам нешто за добро. Да им помагам на животите на луѓето и да правам нешто што е навистина значајно, рече британскиот принц. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп со низа поволности и 6 пати повисока плата од просечната во САД
Следна Статија Поевтино е и поквалитетно: Повторно фатен шверц на македонско гориво за Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Tea Taировиќ се омажи во венчаница од 18.000 евра

Се омажи Теа Таировиќ. Пејачката официјално му кажа „да“ на својот избраник Иван. Теа платила 18.000 евра за венчаницата и…

April 24, 2025
ЗАБАВА

Објавени се номинациите за наградите „Еми“, доминира серијата „Пит“

Номинациите за „Еми“ наградите 2026 се официјално објавени, а листата открива кој е во трка за престижната статуетка. Номинациите во…

July 9, 2026
ЗАБАВА

Боки 13 му се закани на Стефан Лазаров дека ќе го „исели“ од Македонија (ВИДЕО)

До пред неколку месеци блиските соработници Бојан Јовановски Боки 13 и инфлуенсерот Стефан Лазаров влегоа во јавна кавга.Откако Лазаров порача…

August 22, 2025
ЗАБАВА

Под сомнение за вмешаност во смртта на својот татко: Уапсен синот на основачот на „Манго“

Шпанската полиција денеска го уапси Џонатан Андик, син на починатиот милијардер и основач на познатата модна куќа „Манго“, Исак Андик,…

May 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?