Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗНАМ: СДСМ да го кооптира Харис Џиновиќ во ЦО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЗНАМ: СДСМ да го кооптира Харис Џиновиќ во ЦО
ПОЛИТИКА

ЗНАМ: СДСМ да го кооптира Харис Џиновиќ во ЦО

Објавено November 8, 2024 21:40
Сподели
Сподели

Движење ЗНАМ е политички субјект кој во фокусот на своето работење го има интересот на граѓаните и државата и доброто на македонскиот народ, што граѓаните го препознаа. Гледаме како СДСМ кој изгубен по катастрофалниот пораз на парламентарните избори во мај годинава, се наоѓа во слободен пад кон амбисот, реагираат од ЗНАМ, откако СДСМ истакна дека партијата на Максим Димитриевски е безгласна буква во владата на Христијан Мицкоски.

„СДСМ со својот денешен памфлет до јавноста, во кој го напаѓаат министерот за јавна администрација, Горан Минчев и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, потврдуваат дека не разбираат што е држава, државна политика и градење стратегии во интерес на државата и доброто на граѓаните и се таму каде што им е местото, во опозиција.

Имено, ЗНАМ сака да ја подучи СДСМ дека Стратегијата за реформа на јавната администрација и Акцискиот план, не се сопственост на ниту една политичка партија, туку се усогласени со потребите на државата и приоритетите за напредок на Република Македонија на патот кон Европската Унија.

Министерот Минчев со денешната прес конференција покажа дека тој, како министер од редовите на ЗНАМ, како коалициски партнер во Владата на Република Македонија, својата должност кон граѓаните ја извршува максимално одговорно и посветено и нуди решенија кои долгорочно ќе придонесат за подобрување на работата на јавната администрација и квалитетот на услугите што таа треба да им ги испорача на граѓаните.

Движење ЗНАМ – За наша Македонија, го потсетува СДСМ дека во изминатите години безгласна буква беше токму тој во владата во која премиерот беше од неговите редови, а всушност владееше ДУИ. СДСМ не беше способно да спроведе ниту една политика, ниту една одлука што не му се допаѓаше на ДУИ. Владеењето на СДСМ ја донесе Македонија на колена, понижена и без достоинство.

За се мораше да добијат одобрување од нивниот поголем владин партнер ДУИ, односно од Ахмети. Резултатите од изборите покажаа дека граѓаните не сакаат да ги води СДСМ владеано од ДУИ, туку политички субјекти кои пред се’ и над се’ ги имаат интересите на граѓаните, на државата и на македонскиот народ во целина. Нивните самобендисани политики доведоа Македонците да се чувствуваат како гости во сопствената држава и граѓани од втор ред.

СДСМ заедно со ДУИ го злоупотребија балансерот до максимум и ја доведоа јавната админситрација во незавидна положба во која има луѓе, но нема квалитетни кадри, за што се изјасни и Европската комисија. Движење ЗНАМ – За наша Македонија смета дека решенијата за осетливи прашања, загарантирани со Уставот бараат одговорен и експертски пристап, ослободен од политички влијанија. Дневната политика мора да биде надвор од овие процес.

Токму затоа и работната група што ќе работи на новото законско решение за ова прашање треба да е составена од експерти, а текстот на законот да се испрати на увид до Венецијанската комисија, за да се осигура усогласеност со европските стандарди, но и правната рамка на државата.

Движење ЗНАМ – За наша Македонија потенцира дека секој обид за манипулација на јавноста со неосновани обвинувања е контрапродуктивен и на штета на граѓаните и државата. СДСМ уште еднаш потврди дека партијата која некогаш се прикажуваше за државотворна е замината во историјата.

Наместо да се грижат за реформите во јавната администрација им порачуваме повеќе внимание да си посветат за реформите во својата приватна групировка која се нарекува партија. Сите можевме да видиме дека реформските процеси успешно ги започнаа од прекуграничниот огранок во Дубаи. Им порачуваме доколку не можат да соберат кворум за одржување на седница на ЦО, да го кооптираат Харис Џиновиќ, тој сигурно ќе им дојде, под услов да му платат“, стои во реакцијата на ЗНАМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски и Клековски на средба со преставници на компанијата Рош
Следна Статија Утре и задутре 25 современи дизајнери ќе изложуваат уникатни дела на дизајн маркет во „Јавна соба“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски: Од градоначалник се бара акција и решенија и јас тоа го правам, за сите проблеми на граѓаните

Во недела граѓаните ќе кажат какво Куманово сакаат и кој да го води во следните четири години, рече кандидатот за…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Граѓаните ќе одлучат кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат

Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Ги повикувам луѓето да излезат во…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Тошковски: Добро е што градоначалничката на Град Скопје конечно реши да се разбуди од зимски сон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите на градоначалничката на Град Скопје…

May 26, 2025
ПОЛИТИКА

„Нема учебници за учениците“, СДСМ бара оставка од Јаневска

Помина половина месец од почеток на учебната година, а учебници нема за илјадници ученици. Ова е најдобар доказ за целосната…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?