Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Клиниката за очни болести оштетена за 3.9 милиони од раководството од СДС и ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Петрушевски: Клиниката за очни болести оштетена за 3.9 милиони од раководството од СДС и ДУИ
МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Клиниката за очни болести оштетена за 3.9 милиони од раководството од СДС и ДУИ

Објавено November 9, 2024 12:53
Сподели
Сподели

ДЗР констатирал нерегуларности во финансиското работење и на Клиниката за очни болести во време на СДС и ДУИ, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Според ревизијата на ДЗР на Клиниката за 2022 година, по основ на неуплатена партиципација за лекување буџетот на истата е оштетен за 3.9 милиони денари. 3.9 милиони денари се пари кои требале да легнат на сметката на Клиниката за очни болести по основ на партиципација за лекување. По детален увид во документацијата на Клиниката од ДЗР се констатирало дека за 2.4 милиони денари со задоцнување се доставени потврди за ослободување од партиципација, но за истите не е доставена поткрепувачка документација. Раководството на СДС и ДУИ на Клиниката за очни болести работело надвор од законските процедури, оштетувајќи ја Клиниката. Ако знаеме дека за период од една година, за која е правена Ревизијата буџетот на Клиниката е оштетен за 3.9 милиони денари, тогаш што е направено за 7 години колку што СДС и ДУИ раководеле со истата? Праша пратеникот Петрушевски.

Го повикуваме ЈО да го земе Извештајот од Ревизијата на ДЗР за Клиниката за очни болести и да отвори постапки. Одговорност мора да има, додава Петрушевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити: Не падна влада со 61 пратеник, како би можело да падне мнозинство со две третини од пратениците
Следна Статија Скопје утрово 7-ми во светот со најзагаден воздух

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протестите за шумата над Љубојно се проширија и во Ресен

Мештаните на преспанското село Љубојно подготвуваат да ги тужат сите инволвирани во сечата на коријата над селото или, како што…

August 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со италијански експерт за сообраќајни решенија- Џовани Ботини, извршен директор “SYSTEMATICA”

На продуктивниот работен состанок во просториите на Општина Кисела Вода присуствуваше Џовани Ботини, извршен директор на италијанската компанија “SYSTEMATICA”, како…

February 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Еве како беше пречекан во училиште младиот херој Јован од Виница кој спаси повеќе од 20 деца од дискотеката Пулс

Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без многу да му ја мисли влетал во огнот во дискотеката во Кочани…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?