Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Катастар со нов портал „е- услуги“ за побрза и поефикасна услуга за граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Катастар со нов портал „е- услуги“ за побрза и поефикасна услуга за граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Катастар со нов портал „е- услуги“ за побрза и поефикасна услуга за граѓаните

Објавено November 11, 2024 14:40
Сподели
Сподели

На денешната прес-конференција, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, го претстави новиот портал „е-услуги“, кој овозможува брз електронски пристап до 94 различни услуги од Катастарот. Станува збор за нов проект кој им овозможува на корисниците услугите да ги добијат веднаш по нарачката преку електронска пошта, што значително го скратува времето и го олеснува пристапот за граѓаните и правните лица.

Како дел од планот за континуирано подобрување, Живковски најави дека до крајот на годината ќе бидат додадени уште десетина нови услуги, а во текот на 2025 година се предвидува дополнително проширување за уште десет услуги. Дополнително, сите корисници ќе можат да се најавуваат преку Системот за единствена најава (СЕН), управуван од Министерството за дигитална трансформација.

Со активирањето на новиот портал e-uslugi.katastar.gov.mk, постојниот портал ossp.katastar.gov.mk, кој е веќе застарен, ќе биде во функција до 31 декември 2024 година, по што од 1 јануари 2025, корисниците ќе имаат пристап исклучиво преку новиот портал.

Агенцијата за катастар на недвижности е првата државна институција со над 100 целосно дигитализирани услуги достапни за граѓаните. Со оваа дигитализација се намалуваат административните процедури, се зголемува транспарентноста и се овозможува ефикасен пристап до услугите, правејќи ги подостапни, без непотребно чекање и со значително заштедено време за граѓаните.

Преку бројки во изминатиот период покажавме дека со соодветна организација можеме да одговориме на барањата на граѓаните. Ги решивме сите заостанати предмети, а тековно се решаваат сите активни барања доставени до нас. Дигитализацијата е еден чекор напред кон создавање модерна институција, која ќе продолжи да биде вистински сервис на граѓаните – истакна Живковски на прес-конференцијата.

Агенцијата продолжува со работата на целосната дигитализација и внатрешната реорганизација, со цел да ги подобри услугите и да ги приспособи кон потребите на своите корисници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украинскиот генерал потврди: Започна огромен руски напад во Курск
Следна Статија Се зголемува цената на бензините

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонецот Игор Радев во топ 10 синолози во светот

Македонскиот филолог, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик Игор Радев се најде на листата од најистакнати синолози…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓоко Ристов не бил присутен на претресот кога му беа најдени заѕиданите 350 илјади евра

Од саботата попладне кога во Неготино во домот на родителите на Апелациониот судија Ѓоко Ристов зад ѕид од цигли и…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови. Слаб снег провејува низ Западна Македонија, а во остантите делови од…

December 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд го укина „балансерот“

На денешната седница Уставниот суд го укина „балансерот“, алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Уште минатиот месец…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?