Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Во изминативе месеци обвинители се жалат на стомачни проблеми и температура кога треба да се преземе акција против криминалци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Во изминативе месеци обвинители се жалат на стомачни проблеми и температура кога треба да се преземе акција против криминалци
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во изминативе месеци обвинители се жалат на стомачни проблеми и температура кога треба да се преземе акција против криминалци

Објавено November 11, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив, не очекувам дека ќе биде лесна и во обвинителството и во судството. Нивната цел да дадат се од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните вистински стопани, тие малкумина судии и обвинии да ги заштитат, добива епски размери. Ова го зборував и на последната собраниска седница кога одговарав на пратенички прашања, истакна премиерот Христијан Мицкоски по реакцијата на ДКСК за именување на членови од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Академијата за судии и обвинители.

Според Мицкоски, во изминатите пет месеци од владеењето на новата Влада, често се случува некои од обвинителите да имаат стомачни проблеми, главоболки и температура, во момент кога треба да се преземе акција против криминалци кои биле симбол на, како што вели, минато седумгодишно владеење кое не треба да се повтори.

-Не верувам дека оваа борба ќе биде кратка, ќе биде долга и исцрпувачка. Малкумина се во судството и Обвинителството, но можам да кажам дека ќе победиме. Тие ќе бидат поразени, а македонските граѓани ќе добијат правда каква што заслужуваат, а не неправда од страна на опструирани послушници на минатата власт, рече Мицкоски при посетата на Тутунски комбинат АД Прилеп.

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила одлуките со кои нивните членови се назначени за членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), одлучи и објави ДКСК во петокот.

Според антикорупционерите, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Од Антикорупциска истакнаа дека согласно членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители не смеат во исто време да вршат функции во органите на управување кои располагаат со државен капитал. Судирот на интереси се јавува бидејќи Управниот одбор на Академијата одлучува по жалбите на кандидатите за судии и јавни обвинители, а советите ги избораат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции кои се гледаат и на терен- за следната година предвидени 50,5 милијарди денари
Следна Статија Мицкоски: Сè додека сум премиер проблемите ќе се решаваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Приватните превозници се враќаат на скопските улици

Приватните превозници од денеска се враќаат на скопските улици, откако се откажаа од најавените блокади по одржаната координативна средба во…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството нема да го гони судијата Ферати, оценките биле пречкртани бидејќи тој ги преполагал предметите

Јавното обвинителство нема да го гони судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово, затоа што утврдиле дека тој навистина ги…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Втор ден блокиран регионалниот пат Прилеп-Крушево

Жителите на пелагонискиот регион втор ден го блокираа регионалниот пат Прилеп-Крушево, во знак на протест поради најавите дека ќе почне…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: За трагедијата во Кочани се постапува по над 50 осомничени

За трагедијата во Кочани моментно се постапува по над 50 осомничени. Истрагата не е завршена, се уште трае, а обвинителите…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?