Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска – Пелегрини: Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска – Пелегрини: Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Пелегрини: Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето

Објавено November 12, 2024 10:45
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, македонските евроинтеграции, како и за потребата од заеднички регионален пристап во надминување на глобалните предизвици.

Словачкиот претседател на средбата оцени дека македонската евроинтеграција е заложник на билатерализацијата на проширувањето на ЕУ, при што нагласи дека Словачка е силен поддржувач на проширувањето на Европската Унија и Братислава ја критикувала блокадата на македонската евроинтеграција на многу состаноци на Советот на ЕУ.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека високо ја цениме досегашната поддршка од Словачка за македонскиот евроинтегративен пат и изрази убедување дека меѓусебната помош ќе продолжи и во натамошниот дел од процесот на нашето пристапување во Европската Унија.

Претседателката изрази задоволство од континуираниот развој на македонско-словачките односи и уверување за уште поуспешна и плодна соработка во периодот што следи. Како сојузнички во НАТО, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување за продолжување на добрата соработка во одбраната и во безбедноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запален покрив на барака во Бутел
Следна Статија Четири години земал мито по 200 евра: Референт од Македонски шуми заврши во притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Оној што управува автомобил повеќе од 90 од дозволеното не заслужува возачка дозвола

Во декември ќе започне тест периодот на „Сејф сити“, а системот ќе стартува на први јануари следната година најави денееска…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почина новинарот Рамуш Муарем Цирко

По кратко боледување, на 64-годишна возраст почина новинарот Рамуш Муарем – Цирко. Тој работеше како новинар, уредник, актер и долгогодишен активист…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Eвропскиот парламент го усвои извештајот за Македонија без „македонски јазик и идентитет“

Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Македонија,  а по бугарско-грчките лобирања и притисоци од финалната верзија беа отстранети…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?