Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четири години земал мито по 200 евра: Референт од Македонски шуми заврши во притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Четири години земал мито по 200 евра: Референт од Македонски шуми заврши во притвор
ХРОНИКА

Четири години земал мито по 200 евра: Референт од Македонски шуми заврши во притвор

Објавено November 12, 2024 12:01
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик против службено лице – самостоен референт во ЈП „Национални шуми“ ПШС Беласица – Струмица.

Во периодот од септември 2020 до ноември 2024 година, осомничениот директно барал подарок во паричен износ од неколку лица со цел да не изврши контроли кои морал да ги изврши. Со тоа на лицата им овозможувал да добиваат дозволи за селска сеча по повеќе пати и дрвната маса да ја продаваат на трети лица. За тоа од нив барал и добивал поткуп од по 200 евра месечно. Бил затекнат како прима поткуп од едно од лицата, кое по претходен телефонски договор требало да му исплати пари за да врши селска сеча на планината Огражден, соопштија од ОЈО Струмица.

По предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Претходно од МВР известија дека поднеле кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека ги сторил погоре наведените кривични дела.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска – Пелегрини: Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето
Следна Статија Нова инвестиција од 8,5 милиони евра и 200 нови работни места на Бреинчајлд во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Закани по живот за него и неговото семејство добил заменик директорот на Национални шуми

Заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов добил закани по живот. Освен за него заканите биле упатени и кон неговото…

March 1, 2025
ХРОНИКА

Златна плочка пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица, еве колку вреди

Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен…

May 19, 2026
ХРОНИКА

Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција

На 09.04.2025 во реонот на државната граница кај село Танушевци, скопско, од косовска и македонска страна на границата, Регионалниот центар…

April 10, 2025
ХРОНИКА

Автобус прегази 81-годишна жена на Партизанска

На 28.04.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди” во Скопје, автобус „мерцедес” со скопски…

April 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?