Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска – Пелегрини: Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска – Пелегрини: Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Пелегрини: Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето

Објавено November 12, 2024 10:45
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, македонските евроинтеграции, како и за потребата од заеднички регионален пристап во надминување на глобалните предизвици.

Словачкиот претседател на средбата оцени дека македонската евроинтеграција е заложник на билатерализацијата на проширувањето на ЕУ, при што нагласи дека Словачка е силен поддржувач на проширувањето на Европската Унија и Братислава ја критикувала блокадата на македонската евроинтеграција на многу состаноци на Советот на ЕУ.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека високо ја цениме досегашната поддршка од Словачка за македонскиот евроинтегративен пат и изрази убедување дека меѓусебната помош ќе продолжи и во натамошниот дел од процесот на нашето пристапување во Европската Унија.

Претседателката изрази задоволство од континуираниот развој на македонско-словачките односи и уверување за уште поуспешна и плодна соработка во периодот што следи. Како сојузнички во НАТО, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување за продолжување на добрата соработка во одбраната и во безбедноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запален покрив на барака во Бутел
Следна Статија Четири години земал мито по 200 евра: Референт од Македонски шуми заврши во притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Шест македонски волови ја преминаа бугарската граница кај Ѓуешево и станаа проблем

Бугарските институциите одлучуваат што да прават со шест волови кои ја преминале границата од Македонија во близина на ќустендилското село…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Војниците ќе добијат нови униформи, чекор по чекор ќе ја промениме ситуацијата од корен

Со години наназад не се купувала борбена униформа за војниците, не се купувале чизми, се даваа толку многу опрема и…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски подели пакетчиња на децата на припадниците на АРМ и МО, Дедо Мраз пристигна со хеликоптер

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска традиционално се одржаа две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: Видео…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Во нашата визија нема простор за корумпирана држава, за тоа повеќе нема ниту време, ниту пари

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на Конференцијата „Партнерството помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓанските организации во борбата…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?