Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова инвестиција од 8,5 милиони евра и 200 нови работни места на Бреинчајлд во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Нова инвестиција од 8,5 милиони евра и 200 нови работни места на Бреинчајлд во Македонија
Blog

Нова инвестиција од 8,5 милиони евра и 200 нови работни места на Бреинчајлд во Македонија

Објавено November 12, 2024 12:22
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски и сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел денеска потпишаа договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти. Станува збор за компанијата Бреинчајлд, која е формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија, кои креираат глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер.

Брендот Бреинчајлд во нашата држава има формирано две компании – Бреинчајлд Продукција во 2020 година и Бреинчајлд Производство во 2022 година.

-Можеме да објавиме нова инвестиција, која ја најавив пред неколку недели. Се работи за германско холандска инвестиција која ги потврдува нашите напори за развивање на економијата и иновациите на пазарот, рече Мицкоски на денешната прес-конференција, по потпишување на договорите.

Тој информираше дека Бреинчајлд Продукција е компанија која се занимава во активности за истражување и развој на новите производи, преку користење на уникатни репроматеријали, а со цел добивање на специфичен материјал кој е потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Инвестицијата е лоцирана во Битола, во постоечки објект со големина од 1500 метри квадратни.

Инвестицискиот план, како што посочи, вклучува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и набавка на нова современа опрема и машини. Согласно деловниот план и договорот за државна помош, предвидено е компанијата да инвестира вкупен износ од најмалку 2.500.000 евра во период од пет години, при што се планирани околу 40-тина висококвалификувани нови работни места.


Бреинчајлд Производство е компанија која се занимава со сериското производство на опремата и елементите.

Мицкоски напомена дека планот на сопствениците е да изградат целосно нов објект со големина од 3000 метри квадратни во индустриската зона Жабени кај Битола и да вработат околу 200 лица. Според инвестицискиот план, почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година, а во текот на следните пет години да се заокружи инвестициски циклус од околу 8.500.000 евра.

-И покрај изградбата на новиот сопствен објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува постоечката лабораторија за развој на нови производи и производни процеси, како и за испитување и создавање на одржливи материјали, рече Мицкоски.

Тој додаде дека како дел од активностите за поврзување со локалната заедница, Бреинчајлд отвори специјализирана школа за шиење на напредни материјали која служи како своевиден тренинг центар за планираните активности на компанијата. Покрај тоа, брендот Бреинчајлд е силно посветен на одржлив и еколошки процес преку користење на рециклирани материјали како суровини и процеси кои елиминираат некои стандардни производни пракси штетни за околината.

-Продолжуваме понатаму да се бориме за секое работно место и секоја инвестиција која ќе биде поткрепа на економијата, додаде Мицкоски.

Сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел на прес-конференцијата денеска за заблагодари на Владата за поддршката, посочувајќи дека од денес почнуваат ново поглавје со кое ќе можат да ги исполнат зацртаните цели.

-Благодарам на Владата за поддршката. Со ова може да се реализира нашата визија за одржливи производи и компоненти за спорт. Од денес почнуваме ново поглавје и се надеваме дека ќе можеме да ги исполниме нашите зацртани цели, додаде Хенинг Гросел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Четири години земал мито по 200 евра: Референт од Македонски шуми заврши во притвор
Следна Статија Почнаа и добиток да крадат: Приведени крадци во Боговиње

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Линус Тех Типс разочаран поради цената на Steam конзолата

Популарниот YouTube ѕвезда открива дека Valve не беше импресиониран од негово предложено решение за цена на Steam конзолата.

November 21, 2025
Blog

Нов Android 17 дизајн: Разделени известувања и брзи поставки [Галерија]

Најнова информација открива потенцијални промени во Android корисничкото искуство со разделени известувања и брзи поставки

January 15, 2026
Blog

Саудискиот инвестициски фонд го купува Pokemon Go за 3,5 милијарди долари

Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија (PIF) ќе плати 3,5 милијарди долари за купување на одделот за игри на Niantic, чии…

March 13, 2025
Blog

Судењето за пожарот во „Пулс“ е голем предизвик за судството, вели Димовска

В.д. претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, во своето обраќање на Годишното собрание на Здружението на судии на…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?