Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите во романското МНР, најави дека ќе тужи за клевета
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите во романското МНР, најави дека ќе тужи за клевета
ПОЛИТИКА

Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите во романското МНР, најави дека ќе тужи за клевета

Објавено November 13, 2024 14:56
Сподели
Сподели

Амбасадорот во Романија Андреј Жерновски, демантира дека не ги предал акредитивите за амбасадор во Букурешт, откако вчера на прес-конференција шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, образложувајќи ја одлуката за отповикувањето на седум амбасадори, меѓудругото рече дека Жерновски „формално правно, никогаш не ни станал амбасадор во Букурешт, бидејќи нема предадено акредитивни писма“.

-Откако од медиумите дознав дека, како амбасадор, сум се тепал по официјални приеми во Романија, за што следеше приватна тужба од моја страна, вчера на истиот начин дознав нова вест- дека сум бил амбасадор „на диво“. Не знам на тие медиуми од каде им е и кој им ја кажал оваа „генијална“ теза, но знам дека со некој од нив ќе мора да се видиме на суд. Не дека го сакам тоа, но мора да се воспостави ред, бидејќи клеветењето и нанесувањето штета на нечиј личен углед и интегритет е крајно сериозна работа, колку и објавувачите или пренесувачите на вакви невистини да не ги поседуваат наведените особини, објави Жерновски на својата Фејсбук страница.

Како доказ за трагикомичните лаги, додава тој, денеска ја објавувам фотографијата од предавањето на моите акредитиви во романското МНР.

-Дополнително, онаму каде ќе биде потребно, ќе ја доставам и мојата лична карта во Романија, која се издава на дипломати, на која пишува дека сум амбасадор на Република Северна Македонија во Букурешт. Истата е издадена од Министерството за надворешни работи на Романија. Многу ми е жал што, поради внатрешните процедури во нашето МНР, разбирливо, не смеам да давам службени изјави додека трае мојот амбасадорски мандат. Се разбира, кога истиот ќе заврши, со задоволство и со страст ќе ги отвориме сите теми. До тогаш, со оние кои шират лаги и клевети, ќе се гледаме на суд

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ја поддржуваше Украина и беше против војната“: Кој е „рускиот Џејми Оливер“ чие тело беше пронајдено во хотел во Белград
Следна Статија Филипче: СДСМ нема да гласа за ваков буџет и ќе поднесе 200 амандмани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Биле задржани на Ќафасан: Тројца функционери од Македонија спречени да влезат во Албанија

Пратеникот во Собранието на Македонија, Беким Ќоку, изјави дека нему, на уште еден пратеник и на заменик-генералниот секретар на Владата…

July 9, 2026
ПОЛИТИКА

Верувале или не? Касами го истакна македонското знаме

Градоначалникот на Тетово Билал Касами вчера имаше средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Забележително беше што на средбата го…

March 2, 2025
ПОЛИТИКА

Муцунски од ПССЕ: Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја

Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски зема учество на есенската сесија на Парламентарното собрание на Совет…

October 3, 2024
ПОЛИТИКА

Николоски: Огромна победа во Струмица, енергија за голема промена

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето обраќање во Струмица на промоција на кандидатот за градоначалник Петар Јанков, истакна дека…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?