Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
СПОРТ

Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија

Објавено November 13, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Министерството за спорт на Македонија официјално информираше дека ги поништило решенијата за извршување на спортска дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија.

„Во врска со последните случувања во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, по одигрувањето на Женската ракометна лига за сезоната 2024/2025 и појавата на неспортско однесување од страна на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје на Куп натпреварот во групната фаза, Ракометната федерација на Македонија, по спроведена дисциплинска постапка, констатираше активности од страна на двете екипи кои се спротивни на начелото на фер-плеј, предизвикувајќи нарушување на спортскиот дух, спортскиот интегритет и витештво што е во целосна спротивност со Кодексот на ракометните клубови при РФМ и спротивно на Олимписката повелба.

Истото резултираше со исклучување на двете екипи од Ракометната федерација на Македонија и изрекување мерки на суспензија за повиканите официјални лица.  По изрекувањето на овие мерки од страна на РФМ, Министерството за спорт, во законска постапка, им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје со што тие повеќе немаат легитимитет да настапуваат во националниот систем на натпревари во македонскиот ракомет.

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија ја користат оваа прилика да упатат порака до сите спортски чинители да бидат одговорни на спортските борилишта што значи почитување на спортските правила кои се резултат на меѓународни консензуси во дејноста спорт и секогаш да бидат подготвени да го сочуваат спортскиот дигнитет, зашто преку спортот, како општо препознатлива вредност, покрај останатите придобивки, се претставува и афирмира македонскиот спорт во меѓународни рамки и се јакне националната свест“.

Ова е резултат на скандалот во женскиот ракометен Куп на Македонија на натпревар на кој ракометарките на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје сами си постигнуваа автоголови“ – Стои во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Рама со остри критики за самитот за климатските промени: Што, всушност, правиме на оваа средба, луѓето таму јадат, пијат и се фотографираат
Следна Статија Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: милиони евра скриени во ѕидовите на куќата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(ВИДЕО) Осуда од сите страни: Вардарци недолично славеа титула со навредлива песна за Каролина Гочева

Вардар со победата над Струга (0-1) во претпоследното 33. коло го обезбеди трофејот во овогодинешната сезона во ПМФЛ. По средбата…

May 16, 2026
СПОРТ

Лајтнинг играчите носеа дресови на Бакс и добија придружба од Бејкер Мајфилд пред Стадион Серијата во Tampa

Tampa Bay Lightning носеа класични дресови на Buccaneers пристигнувајќи на Raymond James Stadium за NHL's Stadium Series надворешен натпревар против…

February 3, 2026
СПОРТ

Историски резултат на Кими Антонели во Мајами

Тинејџерот Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Мајами. До најголемиот успех во кратката кариера, возачот на…

May 3, 2025
СПОРТ

Две години суспензија за грчки АЕК, ама и парична казна за Алкалоид

Двегодишна забрана за настап во меѓунардните купови му изрече денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) на АЕК, поради одбивањето на грчкиот…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?