Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јана Атанасовска испишува историја како прва Македонка во алпско скијање на Светскиот скијачки куп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Јана Атанасовска испишува историја како прва Македонка во алпско скијање на Светскиот скијачки куп
СПОРТ

Јана Атанасовска испишува историја како прва Македонка во алпско скијање на Светскиот скијачки куп

Објавено November 15, 2024 22:00
Сподели
Сподели

18-годишната Јана ќе ја претставува Македонија на ФИС Светскиот скијачки куп во Леви, Финска

На само 18 години Јана Атанасовска испишува историја како првата Македонка што ќе се натпреварува во алпско скијање на ФИС Светскиот скијачки куп. Јана ќе го претстави знамето на Македонија во дисциплината слалом на утрешната трка со почеток во 11 часот. Овој настап претставува огромен успех и достигнување не само за Јана туку и за македонскиот спорт поставувајќи нови стандарди и инспирација за идните генерации.

Јана Атанасовска, која со својата посветеност, истрајност и талент успеа да го достигне светскиот врв, тренира интензивно и со голема посветеност изминатите години, а нејзиниот успех претставува одличен пример за сите млади спортисти. Во својата кариера Јана се истакна со многубројни успеси на регионални и меѓународни натпревари, а сега таа ќе се натпреварува рамо до рамо со најдобрите светски скијачки, меѓу кои и најдобрата скијачка на сите времиња – Микаела Шифрин. Јана, заедно со своите тренери Александар Атанасовски-Чаве, кој е и нејзин татко, и Игор Загерник, се наоѓа во Леви, Финска, подготвена за своето историско деби на ФИС Светскиот скијачки куп.

ФИС Светскиот скијачки куп во Леви, Финска, е еден од најочекуваните настани во алпското скијање, особено познат по натпреварите во дисциплината слалом. Традиционално, трките се одржуваат во ноември, со учество на светската елита во машка и женска категорија. Леви е првата слаломска трка во сезоната на ФИС Светскиот куп во алпско скијање и означува официјално отворање на натпреварите.

Скијачката федерација на Македонија со гордост ја поддржува Јана и ѝ посакува многу успех во остварувањето на нејзините цели и соништа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Џеј Ло пееше во Ријад и ги воодушеви обожавателите
Следна Статија Ниту еден не ѝ се погоди: Арсовска го разреши и директорот на „Улици и Патишта“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Еве колку вреди Ламин Јамал

Напаѓачот на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување на нов договор со клубот, пренесе „Барса Универзал“. Според изворот, договорот…

November 22, 2024
СПОРТ

Еве што ќе гледаме денеска на СП

Два меча се на програмата на СП денеска. Во 21 часот еден од организаторите Канада игра против Босна и Херцеговина.…

June 12, 2026
СПОРТ

Денот кој ќе го памети засекогаш фудбалска Македонија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен фудбал денеска го одбележува почетокот на својата независна историја – 31 година од првиот меѓународен натпревар по осамостојувањето.…

October 13, 2024
СПОРТ

Работнички се разигра, бега од опасната зона

Во двата воведни натпревари од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички попладнево го совлада Силекс со 2-0,…

March 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?