Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одреден притвор за хрватскиот министер за здравство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Одреден притвор за хрватскиот министер за здравство
БАЛКАН

Одреден притвор за хрватскиот министер за здравство

Објавено November 16, 2024 14:01
Сподели
Сподели

Сменетиот хрватски министер за здравство Вили Берош, кој вчера беше уапсен под сомнение за корупција, доби едномесечен притвор.

Истиот период притвор е осуден и на претприемачот Саша Поздер.

УСКОК, откако спроведе независна истрага за вмешаност во набавката на преплатена болничка опрема, на истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб предложи Берош и Поздер да бидат притворени. Во истрагата биле вклучени и шефот на загрепската невролошка клиника КБЦ, Сестре милошрднице и член на управата на поликлиника во Загреб, Крешимир Ротим, но според УСКОК, за него не биле исполнети законските предуслови за предлагање мерка притвор. .

Берош вчера бил уапсен и сменет од министерската функција, а денеска во 10 часот се појавил во Жупанискиот суд во Загреб, на рочиштето за наредба за притвор, јавува Н1 Загреб.

Тој заедно со Поздер и Ротимо се товарат за набавка на преплатени медицински помагала, тргување со влијание, примање мито, поттикнување незаконски бизнис и давање мито, сето тоа како дел од злосторничко здружување.

При влегувањето во судот, Берош беше прашан од новинарите дали се чувствува виновен за она што го обвинуваат, на што тој одговори „не“.

Запрашан да ги коментира обвинувањата, рече дека ги смета за неосновани.

На прашањето дали ќе ја докаже неоснованоста на тие обвинувања, Берош рече: „Се надевам дека е така“.

Обвинителството на ЕУ (ЕЈО) води посебна истрага против Берош и уште седум други лица.

Расправата по барање на ЕЈО ќе се одржи во 13:00 часот.

Берош бил уапсен вчера рано наутро, кога полицијата упаднала во неговата куќа. Дури претходната вечер тој преговараше за прекин на штрајкот на медицинските работници. Ноќта од петокот кон саботата ја помина во полициски притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицијата фати насилен малолетник, со нож повредил две деца
Следна Статија Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Албанија за првородено дете даваат бебешки бонус од 400 евра

Во Албанија, повеќе од 237 илјади деца оствариле право на еднократен финансиски надоместок за бебе, врз основа на програма што…

August 1, 2025
БАЛКАН

Балканските превозници се враќаат на блокадите,ЕУ ги отфрли нивните предлози

Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите од Западен Балкан со цел да се најде компромис за…

February 15, 2026
БАЛКАН

(Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник

Обид за вооружен грабеж се случил вчера во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот. Маскирано лице со…

February 7, 2025
БАЛКАН

ВО КОЛАТА НОСЕЛ ПОЗЛАТЕНИ КАЛАШНИКОВИ! Кој е осомничениот за убиството што ја фрли Словенија во хаос

Словенија сè уште е потресена од случајот на насилство што се случи во раните утрински часови во саботата, поради кој…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?