Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата по години исполнети со историски достигнувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата по години исполнети со историски достигнувања
СПОРТ

Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата по години исполнети со историски достигнувања

Објавено November 18, 2024 09:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој вчера поднесе оставка, ги кажа причините за неговото повлекување од функцијата.

-По седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал. Заедно со вас, испишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второ место во квалификациската група за Светско првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со пласман во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА. Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, членовите на Управниот одбор и секој љубител на фудбалот. Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22 декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник. Со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, од срце ви благодарам за поддршката и соработката во изминатите години, напиша Сејдини на социјалните мрежи.

Инаку, мандатот на Сејдини требаше да заврши во март следната кога се очекуваше редовно Изборно собрание на ФФМ.

Сепак, по оставката на Сејдини, делегатите на ФФМ ќе одржат вонредно Изборно собрание на 22 декември.

Се очекува за нов претседател на ФФМ да биде избран Масар Омерагиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украинците ја нападнаа Русија со дронови; Руски пратеник: Бајден ризикува Трета светска војна
Следна Статија Доналд Трамп помладиот: Воено-индустрискиот комплекс сака да почне Трета светска војна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Србија со „дрим-тим“ во напад на европско злато

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, го објави конечниот список од 12 кошаркари кои ќе го бранат националниот…

August 24, 2025
СПОРТ

Уште едно „признание“ за Роналдо: Избран е за капитен на најлошиот тим на СП

Спортските новинари го избраа најлошиот тим на СП.Роналдо е капитетн, селектор Мартинез, тука е и централниот играч за врска Витиња.…

July 23, 2026
СПОРТ

Црвена Ѕвезда го победи Партизан и доаѓа во Скопје

Фудбалерите на Црвена звезда го совладаа Партизан со резултат 2:1 (0:1) во 31. коло од Супер лигата на Србија. Стрелци…

April 12, 2025
СПОРТ

Ливерпул подготвува уште еден сензационален трансфер

Ливерпул започна директни разговори со претставници на бразилскиот напаѓач Родриго, кој би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето,…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?