Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Со Косово потпишуваме меморандуми за соработка во три области
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Со Косово потпишуваме меморандуми за соработка во три области
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Со Косово потпишуваме меморандуми за соработка во три области

Објавено November 18, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Денеска во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Македонија и Владата на Косово, кадешто по завршувањето ќе се потпишат протоколи и меморандуми за соработка во три области, објави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

„Првиот е меморандум за енергетика, рударство и минерални суровини, каде се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас.

Вториот е информација за склучување на Протокол помеѓу Владите на Македонија и Косово за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување и начинот на одржување на објектите.

Третиот документ кој ќе се потпише е меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово. Страните се согласни да работат заедно со цел подигање на квалитетот во стручното образование и обука и во образованието на возрасните во двете држави, имајќи ги предвид законските прописи на двете држави, со кои се уредува нивната работа. Страните со меморандумот се согласни за размена на искуства за стручното образование и обука, вклучително размена на информации за начинот на функционирање на регионалните центри за стручно образование и обука“, објави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
Следна Статија Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25% повеќе пари за здравството од оваа година, владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање

Агенцијата за електронски комуникации донесе Одлука за распишување на јавен тендер со јавно наддавање за доделување на одобренија за користење…

July 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Доделени околу 80% од ваучерите за купување инвертер клими

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека успешно е реализиран процесот на доделување на ваучери за…

November 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата пораснаа на 114 долари за барел, гасот поскапе за 30 отсто

Цените на нафтата „Брент“ денеска пораснаа на повеќе од 114 долари за барел, а европските цени на гасот скокнаа за…

March 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

Затвореници ќе станат земјоделци – ќе обработуваат земјоделско земјиште во државна сопственост

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска потпиша Меморандум за соработка со в.д. директорот на Управата за извршување…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?