Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Имаме три варијанти за брза пруга, набрзо ќе ја избереме најдобрата траса
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Имаме три варијанти за брза пруга, набрзо ќе ја избереме најдобрата траса
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Имаме три варијанти за брза пруга, набрзо ќе ја избереме најдобрата траса

Објавено November 18, 2024 22:36
Сподели
Сподели

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека за брзо време ќе се избере трасата по која ќе се гради брзата пруга на Коридор 10.

“Имаме три варијанти за брзата пруга. Во наредиов месец дена треба да пресечеме која варијатна ќе ја избереме. Едната е по Вардарската долина по постојната пруга, втората е малку источно од Вардарска долина над постојниот автопат, значи се качува над Вардар и третата варијатана е таа од 1978 година, проект од време на претходната држава со проектирана брзина од 250 км на час која оди Табановце, Куманово со триаголник до аеродром и Скопје, потоа до Штип, Струмица, Гевгелија и Солун. Цената за изградба е индикативна бидејќи кога ќе имаме проект ќе имаме и цена, односно за брза пруга со две линии е некаде околу 10 милиони евра по километар, што значи ако Македонија треба да изгради меѓу 210 до 225 километри брза пруга тоа би било некаде околу 2 милијарди евра инвестиција”- истакна министерот Николоски

Тој додаде дека паралелно ќе се работи на реконструкција на постојаната пруга на коридор 10 и изградба на нова. Во однос на финансирањето најави дека проектот ќе се реализира во соработка со компании и средства од земји од НАТО, односно нема да се финансира со заеми од Унгарија, Русија Кина и од арапските земји.

Министерот исто така потенцираше дека во моментов се работи на проект за реконструкција на постојната пруга, додека за изградба на брза пруга потребно е време од 5 години откако ќе се изготви проект и ќе се започне со градба на истата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Oва се ракетите со кои Украина може да ја гаѓа Русија
Следна Статија Силјановска Давкова за спорот со Бугарија: Соломонско решение е она со одложено дејство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места

Шест месеци нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ значи шест нови странски инвестиции и над 2000 нови вработувања. Првата инвестиција на…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Со златни резерви од 6,9 тони, Македонија 78. во светот

Македонија се наоѓа на 78. место во светот според девизните резерви во злато од 6,89 тони, покажува најновиот извештај на…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кој и како ја пресметува струјата, од ИРМ бараат објаснување од ЕВН

ИРМ бара објаснување од ЕВН кој и како ја пресметува струјата? Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци…

May 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трипуновски: Не чувствувам одговорност и нема да поднесам оставка

Веднаш по онаа акција која се случи во четвртокот, каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален…

November 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?