Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга
Blog

Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга

Објавено November 19, 2024 11:12
Сподели
Сподели

Пруга кон Бугарија е во интерес за Македонија, но со изградба ќе продолжиме откако ќе се ревидираат сите недостатоци со посредство на Европската Унија, истакна вчеравечер во емисијата „Топ Тема” на ТВ Телма, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Како што рече министерот Николоски, проектот има три главни недостатоци меѓу кои цената, изводливоста и тунелското решение.

-Во однос на цената договорена e ревизија помеѓу македонската страна, бугарската страна и Европската Унија. Да видиме како се дошло до овие суми и кој тие суми така ги предвидувал. Многу е добро што во ревизијата ќе учествува и Европската Унија и тие ќе видат многу работи и ќе ги извадиме сите работи во јавноста. Друга работа, кај се видело тунел да се гради до половина? Да,ќе градиме пруга кон Бугарија, но не по овој проект. Македонија е единствена во моментов која има активности на коридорот 8 во железничкиот сообраќај”, истакна министерот Николоски и додаде:

„Компанијата која што го има проектирано третиот дел од пругата кон Бугарија е истата компанија која што не ја заврши штипската болница и со која што сега Република Македонија е на арбитража. Затоа е многу добро што од Европската Унија се согласија да се прави ревизија на цената и на проектот“, истакна министерот Николоски.

Во однос на прашањето зошто во бугарска страна нема активности на проектот за изградба на пругата, министерот потенцираше дека Бугарија работи на алтернатива на коридорот 10 и поставување на Македонија во незавидна положба.

-Бугарија има приоритет да работи на алтернатива на коридорот 10 и тоа е најголемата битка која што се случува позади сцената во моментов бидејќи коридор 10 во Јужна Европа е најисплатлив коридор. Бугарија прави огромни притисоци да изработи алтернатива на коридор 10, односно од Ниш, наместо пругата да се спушта надолу кон Скопје и кон Солун, истата да оди источно кон Босилеград, а потоа по реката Струма да се спушта низ Бугарија и после тоа да се поврзува со Солун. Тоа е битката што позади завесата се случува во моментов. Доколку оваа битка се реализира, Македонија ќе стане слепо црево на Балканот. И затоа се нервозни, затоа што ние им ја разбиваме таа стратегија, со тоа што ставаме фокус на коридор кој што е економски најисплатлив и кој што најприроден, во исто време го градиме и коридор 8, истакна министерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Берово -6 степени, еве колку е студено во другите македонски градови
Следна Статија Taравари го брани, Ахмети го напаѓа Курти за изјавата за Законот за јазици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

‘Out of stock’: What went wrong at luxury retailer Saks? – BBC

Saks Global, which owns Saks Fifth Avenue and Neiman Marcus, is expected to imminently file for bankruptcy protection, leaving questions…

January 11, 2026
Blog

Дневен хороскоп за Водолија – среда, 29 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот донесува можност за внатрешна трансформација и откажување од минатото, така што Водолиите можат да…

January 29, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Водолија – понеделник, 10 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Вашата креативна енергија е активирана и би можело да ја запали светската сцена со иновативните…

February 10, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Водолија – петок, 7 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот е брилентно поле за фокусирање на вашиот личен раст и инспирација, Водолијо. Вашата иновативна,…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?