Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа

Објавено November 20, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во рамки на седмиот Дигитален самит во Талин, се обрати на сесијата Дигитални технологии и управување во Западен Балкан, која беше дел од панелот за Сајбер отпорност и партнeрство во земјите од Западен Балкан.

Фокусот на панелот беше да се разменат мислења за примената на нови технологии во јавниот и приватниот сектор, ризиците од сајбер-напади, како и можностите за примена на најдобрите практики за подобрување на процесите на управување и давање на услуги кон граѓаните.

Во своето обраќање, Андоновски истакна дека граѓаните мораат да бидат во срцето на процесот на дигитална трансформација.

„Дигитализацијата е главниот двигател за иновации, конкурентност и раст во сите сектори. Отвора нови можности, помагајќи им на граѓаните и компаниите да го добијат најдоброто од меѓусебно поврзаниот свет.“, изјави Андоновски.

Дополнително, во своето обраќање ја потенцираше важноста на партнерството со ЕУ, но и со останатите меѓународни партнери за зајакнување на сајбер-безбедноста и примената на иновативни технологии што пак ќе создадат поефикасни и транспарентни институции.

Државите од Западниот Балкан се наоѓаат во критичен момент, каде што нашата дигитална иднина се вкрстува со европската интеграција. Се наоѓаме во клучен момент во историјата, каде што технолошкиот напредок не се само поединечни промени во поединечни држави, туку сите овие процеси се катализатори за промена на парадигмата во тоа како го замислуваме и комуницираме со светот околу нас.“, дополни Андоновски

Дигиталниот самит во Талин се смета за еден од најзначајните настани за дигитализација во Европа. Се одржува секоја година и привлекува околу 600 гости од над 60 земји, вклучувајќи претставници од Европскиот парламент, ЕНИСА, Светската банка, НАТО, ОН и водечки технолошки компании. Самитот опфаќа клучни теми поврзани со дигитализацијата, иновациите и сајбер-безбедноста.

Оваа година, настанот вклучува 40 панел дискусии и сесии за размена на идеи и искуства кои ќе го обликуваат дигиталниот развој на иднината.

Министерот Андоновски за време на престојот во Талин, се сретна и со Премиерот на Естонија, со министерката за правда и дигитални прашања на Естонија, Лииса-Ли Пакоста, министерката на Украина Ионан и со високи претставници на Академијата за е-управување на Естонија и Центарот за компетенции за сајбер безбедност во рамките на оваа реномирана Академија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mицкоски: Ако изгубиме на локални, веднаш свикуваме предвремени, ама ако изгуби опозицијата…
Следна Статија Скопје прв најзагаден град во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

22 денари за километар, поевтино од такси – прва услуга за користење електрични автомобили, car sharing AVANT2GO

Од денес во Скопје може да се изнајми електричен автомобил за 22 денари за километар додека вози и 5 денари…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кочани го откажа „Маршот на ангелите“, ќе има мирен собир за жртвите од Кран-Монтана

Градот кој ја почувствува најголемата болка по трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која загинаа 63 претежно млади луѓе, во сабота…

January 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Оставете нѐ да се европеизираме, вели Сиљановска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека во минатото често сме преферирале уставен релативизам, па дури и уставен нихилизам, осврнувајќи се на…

June 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето

Денес, 13 ноември, Скопје одбележува 81 година од своето ослободување – еден од најзначајните датуми во историјата на македонската престолнина.…

November 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?