Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кешишев на бел лист напишал дека убиецот на Вања и Панче е Велибор Манев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кешишев на бел лист напишал дека убиецот на Вања и Панче е Велибор Манев
ХРОНИКА

Кешишев на бел лист напишал дека убиецот на Вања и Панче е Велибор Манев

Објавено November 20, 2024 23:17
Сподели
Сподели

Напишано рачно на кирилично писмо на бел лист А4 формат. Испратена преку затворот, а не преку неговиот бранител, Влатко Кешишев во писмо напиша дека се кае што посочил лажен убиец на Вања и Панче, но пишува дека тогаш се плашел. Во изјавата напишана пред два дена, а доставена до судечкиот совет вели дека извршител на убиствата е Велибор Манев. На крајот од писмото стои неговиот потпис.

Исто и јас како и вие денес за прв пат се запознав со дадената изјава која беше доставена и до нас како бранители преку судот. Истиот има напишано некаква изјава но не би сакал да ја коментирам содржината, имајќи предвид дека ниту потписот е негов дали истиот своеволно ја има пишано или не сакам да помислам дека некоја присилба или закана имало за таква изјава. Во однос на содржината ќе разговарам со него па ќе ве известам и вас – рече Дејан Ефремов, адвокат на Влатко Кешишев.

На крајот на процесот секако ќе има соочување помеѓу сите нив. Значи како би ја коментирал…би ја коментирал едноставно во ваков предмет не е совесно еднаш да се изјавува едно, друг пат да се изјавува друго, вели Марјан Витанов, адвокат на Палчо.

Во изјавата Кешишев пишува дека за време на убиствата, Палчо спиел во штабот на „Десна“ и не бил со нив.

Инаку Кешишев и Манев се тие што првично го посочија Палевски како извршител на убиствата. Кешишев ја однесе полицијата до местото каде е закопано девојчето, а Манев до местото каде бил убиен Жежовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украина за првпат лансираше британски ракети со долг дострел на руска територија
Следна Статија Сиљановска: Во петок лично ќе и честитам на Шекеринска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина македонската легенда Драган Б. Костиќ

Утринава, сабота (20.Декември) по кратко боледување на 75 годишна возраст почина македонската радиоводителска легенда Драган Б. Костиќ. Веста за неговата…

December 20, 2025
ХРОНИКА

Со закани одзеле пари од малолетници, приведени три лица во Скопје

На 16.04.2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од…

April 17, 2025
ХРОНИКА

МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и да…

December 18, 2024
ХРОНИКА

Се шверцал добиток од Македонија во Албанија

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ – Дебар, спречиле шверц на добиток, кој требало…

September 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?