Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз

Објавено November 21, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Тоа што во главниот град на државата нема превоз, го попречува основното право на учениците да се образуваат, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, прашана за проблемот со градскиот превоз во Скопје.

-Анализата на Министерството од е-Дневникот покажа дека нема значајна разлика на неоправдани изостаноци во овој период во споредба со истиот период минатата година. Претпоставувам дека учениците и родителите прават најдобро што можат, односно се организираат за нивните деца да стигнат на училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град на
Македонија да им се оневозможи правото на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право и со Уставот, изјави Јаневска, додавајќи дека е недозволиво сите напори кои ги прави Министерството за образование и наука, промените за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат спречувани поради неорганизираност на градските власти.

Изрази надеж дека градските власти сериозно ќе ја сфатат оваа ситуација и итно ќе најдат соодветно решение.

Министерката рече дека ги поддржува студентите кои најавија дека ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје, доколку не се реши проблемот со градскиот превоз.

-Студентите се апсолутно во право, имаат право својот револт на каков било соодветен начин да го изразат и ако ова е единствениот начин да најдат решение за нивниот проблем, јас ги поддржувам, одговори Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО Избегната тепачка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Граѓаните им должат на банките 3,9 милијарди евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВО ЖИВО Венчавка на младенците Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски на Галичка свадба

Во рамки на традиционалната Галичка свадба денеска ќе се одржи венчавката на овогодинешните младенци Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дојран ќе добие Музеј на вода, се реконструира праисториска наколна населба во езерото

Во Дојран идната година се очекува да почне изградба на Музеј на вода, најави вчера министерот за култура и туризам…

September 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце

 -  Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на настанот по повод потпишување на договор меѓу ЈПДП…

July 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4-ти мај

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука…

April 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?