Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“
ХРОНИКА

Почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“

Објавено November 22, 2024 18:14
Сподели
Сподели

По долго боледување, вчера на 22 ноември во Скопје, почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“.

Си замина нашата драга колешка, истакната новинарка, посветен и врвен професионалец, препознатливо име во весникот ВЕЧЕР, во кој го помина целиот работен век. Се бореше храбро до последен здив, беше пример за јака волја, силна верба и позитива, за борба и одлучност за живот и победа над подмолната болест. Но, за жал, последната битка не успеа да ја извојува. Нејзината посветеност и визионерски дух ќе останат трајна инспирација на сите нас, велат во последниот поздрав колегите од редакцијата на „Вечер“.

Марјановиќ беше дел од весникот „Вечер“ од самите почетоци на својот работен век во 1997 година. Читателите ја препознаваа по нејзиниот стил на пишување во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството. За својата работа беше добитник на многу награди и признанија.

Валентина беше почитувана како голем професионалец и уште поголем пријател. Ќе ни недостасува нејзината блага насмевка и секогаш добар збор, совет. Изгубивме посебен човек, блескава душа каква ретко се раѓа. Вале, секогаш ќе останеш во нашите срца, велат нејзините колеги.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен Мухамед Љамалари, висок функционер на ДУИ
Следна Статија Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја

Кавадаречката полиција поднела кривична пријава против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја, како и…

June 23, 2025
ХРОНИКА

Гевгеличанец ја тепал и силувал поранешната девојка

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Полов напад и…

November 23, 2025
ХРОНИКА

Полицијата фати насилен малолетник, со нож повредил две деца

Полицијата фати насилен малолетник од с.Ласларци кој со нож повредил две деца, а судија на претходна постапка на малолетникот му…

November 16, 2024
ХРОНИКА

Саздов просведочи за кобниот момент: Ја видов Ивана како стои со Катја на тераса, одма сфатив што ќе направи

Неколку дена пред 2 март 2026 година, Ивана цело време му пишувала дека веќе не може да издржи, многу и…

April 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?