Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Паднати бандери, кровови, дрвја по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Паднати бандери, кровови, дрвја по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид
МАКЕДОНИЈА

Паднати бандери, кровови, дрвја по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид

Објавено November 23, 2024 14:43
Сподели
Сподели

Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата.

Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола во текот на денот имале голем број на интервенции што настанаа поради силното невреме (силен ветар над 60 км/ч) што го зафати Битолскиот регион во 14.30 часот.

Според повиците за настаните примени преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 и во комуникација со командирот на ТППЕ Битола, Општина (ЕЛС) Битола во соработка со јавните претпријатија од Битола и ЕВН, вчера интервенира на следните локации:

– паднат кров од две згради на ул. „Нико Фундали“ кај „Жито маркет“ каде има настаната штета на неколку возила;
– паднато дрво кај црквата во с. Магарево при што има оштетен ел. вод и и има искрење;
– падната бандера на ул. „Прилепска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“;
– падната бандера на патот за с. Кравари;
– падната бандера на ул. „Мукос“ бр. 174;
– падната бандера кај црквата во с. Ниже Поле;
– падната бандера на ул. „Пожаревачка“;
– падната бандера на ул. „Стрчин“ бр. 21 а;
– паднати жици на ул. „Новосадска“;
– паднати жици и искрење на ул. „Крушево“ бр. 4;
– паднати жици и искрење на ул. „Ѓорѓи Наумов“ бр. 4;
– падната бандера на ул. „Димче Лахчански“ бр. 34;
– навалена бандера на ул. Булевар „1 Мај“ бр. 283;
– паднат кров од зграда на ул „Хераклеа“;
– паднат кров од куќа на ул . „Јанко Палигора“;
– паднат кров од куќа на ул. „Партизанска“
– паднат кров од зграда кај печатницата „Киро Дандаро“ и
– голем број на паднати дрвја на повеќе локации во градот.

Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 17.20 до 19.45 часот со 2 ПП возила и 6 пожарникари, интервенирале на откачен лимен кров поради силниот ветар на ул. „Карпош Војвода“ во Општина Охрид.

РЦУК Штип известува дека ТППЕ Виница во период од 13.45 до 14.30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари, интервенирале на паднато дрво и бандера како последица на силниот ветар во с. Истибања.

Пожарникарите од ТППЕ Штип, во текот на денот повеќепати интервенирале во отстранување на паднати дрвја, откачена церада и на откорнати делови од покривни (кровни) конструкции на објекти како последица од силниот ветер на разни локации во градот Штип и неговата околина: Градски горбишта, градинка „Вера Цирвири-Трена“, м.в. Кланица, СОУ „Коле Нехтенин“, ул. Широк Дол, угостителски објект „Нецко“, м.в. „4-ти километар“, нас. „Насеље“, градски пазар, ул. „Васил Доганџиски“, бул. „ЈНА“, ул. „Солидарност“, ул. „Сремски фронт“, ул „Браќа Даневи3). Во сите интервенции е учествувано со 3 пожарникари и 1 ПП возило. Како последица на силниот ветер на повеќе места на подрачјето на градот Штип се забележани оштетувања на електрични столбови, кровни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили. Појава на паднати дрвја како последица од вчерашниот силен ветер имаше и во селата Облешево и Истибања.

РЦУК Тетово известува дека ТППЕ Гостивар, од 16.45 до 17.15 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари, имале техничка интервенција на паднато дрво на ул. „Никола Парапунов“ во Гостивар.

Од Центарот за управување со кризи ги потсетуваат граѓаните дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин: „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје
Следна Статија (ВИДЕО) За прв пат е снимена ѕвезда надвор од нашата галаксија, оддалечена е 160.000 светлосни години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути

Собранието денеска треба да ја започне 29. седница на која на дневен ред се пет интерпелации. Четири интерпелации се поднесени…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сајкоски: Им изразивме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија

Пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоѓија Сајкоски, по повод денешниот празник беше во посета на Прилеп. -Денес положивме свежо…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Томевски: Пожарот кај Вардариште ставен под контрола и се догаснува

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола и во моментов се догаснува. На терен се 25 пожарникари со осум противпожарни…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Онлајн аплицирање за средно училиште – поради преоптоварување веб-страницата е често блокирана

Првиот уписен рок во средните училишта се одвива со потешкотии. Полуматурантите, кои сакаат онлајн да аплицираат за средно образование, велат…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?