Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

Објавено November 23, 2024 14:44
Сподели
Сподели

Криминалното и недомаќинско работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор и во управувањето со ЕСМ резултираше со поскапа струја за граѓаните 7 години по ред, и е причина за финансиските проблеми на претпријатието до денес, истакна на денешната прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Ако во 2017 година кога ЕСМ го раководеше премиерот Христијан Мицкоски просечната производствена цена на 1 мегават час струја во РЕК Битола беше 33 евра, сега истата е 133 евра за мегават час.

Зошто е тоа така?

Ако ја погледнеме статистиката ќе видиме дека во времето кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ производствената цена на струјата била пониска за над 25% од таа пред тоа.

А што се случува потоа? Цената од година во година расте за во 2023 година да достигне 103 евра за мегават час, а во 2024 година 133 евра за мегават час.

Растот на цената е причинет од не копањето на сопствен јаглен, и скапиот увозен јаглен.

Бизнис интересот на СДС и ДУИ сега го плаќаме сите ние.

Цената на произведен мегават час струја може да се намали и веќе раководството на ЕСМ работи на тоа. Последиците кои СДС и ДУИ ги причинија уште некое време ќе се чувствуваат.

Набргу од денес ЕСМ ќе биде целосно консолидирана и вратена во нормала, а производствената струја повторно ќе биде по далеку пониски цени од времето на СДС и ДУИ, порача Петрушевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Турчин пронајден починат во хотел во Охрид
Следна Статија Три години од трагичната несреќата во Бугарија во која загинаа 45 лица од Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски за говорот на Додик во Скопје: Не очекував дека ќе го злоупотреби настанот

вечената академија не е место за испраќање такви политички пораки, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан како го оценува синоќешниот говор…

January 28, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Манасиевски: Кандидати за советници на СДСМ во Струмица крвнички тепаат странци!

Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани. Кандидатите за советници во Советот…

September 25, 2025
ПОЛИТИКА

Минчев за укинувањето на „балансерот“: Министерството не навлегува во содржината на одлуките, туку истите ги спроведува и применува

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“ од страна на…

October 10, 2024
ПОЛИТИКА

Ахмети: Како може Македонците да ни избираат градоначалник во Тетово?

На митингот на коалицијата Алијанса зa Интеграција (АКИ) во Боговиње, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, зборуваше за влијанието на премиерот…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?