Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агелер: На Груби и Беџети но и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, во Вашингтон се разгледуваат и дополнителни санкции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Агелер: На Груби и Беџети но и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, во Вашингтон се разгледуваат и дополнителни санкции
МАКЕДОНИЈА

Агелер: На Груби и Беџети но и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, во Вашингтон се разгледуваат и дополнителни санкции

Објавено December 10, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер денеска на прес-конференција информираше дека поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети се ставени на американската црна листа поради политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата. Таа подвлече дека на нив и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, а во Вашингтон во меѓувреме се разгледуваат и дополнителни санкции.

-Стејт департментот на Соединетите Aмерикански Држави вчера презедоа значаен чекор во борбата против корупцијата, со ставање на поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети на американската црна листа, поради политичко мешање во судството. Затоа, на нив и на нивните најблиски членови на семејството им е забранет влезот во САД. Во Вашингтон во меѓувреме се разгледуваат и дополнителни санкции, рече Агелер.

Како што рече, се надева оти со ова ќе покажат дека САД ги користи сите можни алатки за повикување на одговорност кон овие лица, чии криминални активности ја нарушуваат безбедноста, стабилноста и доброто владеење во Македонија.

-Согласно законот во САД, мора да ги ставиме на црната листа лица за кои постојат докази дека се вклучени во корупција, без оглед на нивните минати или сегашни функции. Велиме дека правдата е слепа, но таа мора да биде непристрасна и обејктивна за сите, без разлика на политичка партија, пол или етничката припадност, додаде Агелер.

Таа смета дека корупцијата во ниедна форма не треба да се толерира во оваа држава.

Оние кои го поткопуваат владеењето на правото заради лична добивка, а на сметка на народот во Северна Македонија, треба да разберат дека корупцијата има последици. САД ќе продолжи да повикува на одговорност за сите инволвирани во коруопција, и се надевам дека судството и оние кои го спроведуваат законот во оваа држава ќе го направат истото. Граѓаните на оваа тоа го заслужуваат, додаде Агелер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за Црната листа на САД: Следуваат уште многу потврди на сето она за кое сме имале сомневање
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Обвинителството да постапи по допрен глас за случаите со Артан Груби и Енвер Беџети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Без оглед на разликите со Филипче, потребно ни е единство за Македонија и важните прашања

„Се побара средба, јас веднаш одговорив, доколку се има некаков план за волја на вистината немаше таков план, таква реторика…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Блокирана Илинденска: Трет протест за плати на вработените од „Флораком“ и „Луна“

Трет протест поради неисплатени две плати. Вработените од друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на Јавното Претпријатие „Паркови…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен в четврток во Скопје ќе се сретне со државниот врв

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в четврток ќе допатува во посета на Македонија, во рамки на четиридневната…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Големи гужви и долги колони на „Богородица“, граѓаните чекаат во ред за да избегаат во Грција за велигденските празници

На граничниот премин „Богородица“, денеска попладне се создаде значителна гужва, откако голем број македонски граѓани тргнаа на пат кон соседна…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?