Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети: Потребен е ветинг за да политичките партии не прераснат во јавни обвинители или судии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети: Потребен е ветинг за да политичките партии не прераснат во јавни обвинители или судии
ПОЛИТИКА

Ахмети: Потребен е ветинг за да политичките партии не прераснат во јавни обвинители или судии

Објавено February 8, 2025 17:33
Сподели
Сподели

Потребен е ветинг за политичките партии да не прераснат во јавни обвинители или во судии, изјави претседателот на политичката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.

На средба со членови и симпатизери на ДУИ во Битола, лидерот Ахмети посочи дека е потребна истрага за процесот на приватизација и потеклото на богатсвото на сите политичари и функционери во земјава.

За да има владеење на правото и граѓаните да имаат доверба во институциите неопходно е да имаме ветинг. За политичките партии да не прераснуваат во јавни обвинители или во судии, потребен е ветинг во политичките партии, за челниците на политичките партии и на сите функционери, рече Ахмети.

Исто така, нагласи Ахмети, треба да се направи целосна истрага за процесот на приватизација и истрага за потеклото на богатството на сите политичари и функционери во земјава.

Во изјава за медиумите, лидерот на ДУИ посочи дека членството на земјава во Европската унија е единствена алтернатива.

Разговараме со граѓаните за неопходноста од членството на земјава во Европската унија како единствена алтернатива. Убаво е што на овие средби имаме голем одзив и задоволни сме од учеството на граѓаните за да им објасниме за зајакнување на меѓуетничките односи во нашата земја како едно од важните прашања за мирот, стабилноста и функционална демократија. Разговараме со народот затоа што нашата земја има потреба од владеење на правото, истакна Ахмети за време на денешниот престој во Битола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски во посета на припадниците на Доброволното противпожарно друштво и Територијалната противпожарна единица во Кочани
Следна Статија Две малолетнички се степале во Кичево, повикани на разговор нивните родители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: И ова раководство на СДСМ продолжува да ги руши позициите, да ги распродава идентитетските и националните приоритети

„Вчера дадов еден краток коментар, денес бидејќи ме прашувате ќе дадам одговор на вашето прашање и ќе го поделам одговорот…

September 26, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Владата стабилно функционира, ДУИ да извлечат поука и да се реформираат

Владата веќе 14 месеци стабилно функционира, ДУИ со одредени трикови прават притисок за да бидат повторно на власт, изјави денеска…

August 20, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Зоран Заев, Венко Филипче и…

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

Касами до ДУИ: Ќе има ли ноќна стража пред американската амбасада во Скопје, откако го „зацрнија“ Груби?

„Ќе правите ли сега ‘Ноќни стражи’ и пред амбасадата на САД во Скопје, откако ви го ставија Артан Груби во…

December 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?