Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

Објавено December 5, 2025 13:48
Сподели
Сподели

Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски?, прашува Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Минатата власт на триото Заев, Филипче и Николовски, платила 8,6 милиони евра за набавка на 20.000 тони жито, односно 26,6 денари по килограм. Во тоа време берзанската цена за еден килограм жито била 20,5 денари, додатно плус транспорт од 2 денари, доаѓаме до една цена од 22,5 денари по килограм, рече Манаиевски.

„Разликата во цената којашто овие тројца ја наплатиле е цели 4 денари, или во вкупна сума на набавката, 1,3 милиони евра. Прашањето е зошто е платено олку поскапа сума кога можело да се набави за многу поевтино? Дали овие пари можеби завршиле во нечии џебови од врхушката на тогашната власт на Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски?

Дополнително, Љупчо Николовски мора да објасни зошто бил направен отпис од 2.000 тони жито од стоковите резерви? И зошто во толку брз период е набавено 20.000 тони жито, ако ситуацијата тогаш истиве луѓе велеа дека е под целосна контрола? Дали отписот бил намерно направен за да се отвори простор за нова набавка и потенцијално нов криминал?

Граѓаните заслужуваат да знаат каде завршиле нивните средства и дали некој се богател додека државата плаќала поскапо за основна животна намирница како што е пченицата“, истакна Манасиевски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мета регрутира извршен дизајнер од Епл за да раководи со нов креативен студио
Следна Статија Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП: Срам да ви е, да не беше вашата криминална и попустлива политика, немаше да биде ова денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од трибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“, и се осврна…

July 9, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по завршувањето на локалните избори

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

Има предлог за средба со Бугарија, треба Софија да се изјасни, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека е во тек комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во земјава околу иницијативата за…

June 14, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски со македонските фудбалски репрезентативци: Поддршката од најдобрите многу ми значи

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера оствари средба со македонските фудбалски репрезентативци. -Вечерва имав огромна…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?