Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието денеска одлучува за реконструкцијата на Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Собранието денеска одлучува за реконструкцијата на Владата
ПОЛИТИКА

Собранието денеска одлучува за реконструкцијата на Владата

Објавено July 13, 2026 11:51
Сподели
Сподели

Собранието денес ќе ја одржи 112. седница, на која централна точка ќе биде реконструкцијата на Владата. Пратениците ќе расправаат за предлозите за разрешување на неколку министри и заменици-министри, како и за избор на нивните наследници.

Од функцијата министер за правда треба да биде разрешен Игор Филков, а за негов наследник е предложен Јетон Шасивари.

Кадровски промени се предлагаат и во Министерството за односи меѓу заедниците, каде Иван Стоилковиќ треба да биде разрешен, по што е предвидено да ја преземе функцијата министер за локална самоуправа. Од таа позиција, пак, ќе биде разрешен Златко Перински, кој се очекува да застане на чело на Фондот за здравствено осигурување.

За нов министер за здравство е предложен Сашо Клековски, кој треба да го наследи Азир Алиу, додека Агон Ферати е кандидат за министер за односи меѓу заедниците.

Промени се предвидени и во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде Цветан Трипуновски треба да биде заменет со Борче Серафимовски. Во Министерството за социјална политика, демографија и млади, наместо Фатмир Лимани, е предложен Ѓоко Велковски.

Во ресорот култура и туризам се предлага Зоран Љутков да биде разрешен, а функцијата да ја преземе Седат Сулејмани. За министер без ресор, наместо Шабан Салиу, е предложен Ерџан Демир.

Се очекува премиерот Мицкоски пред пратениците да ги образложи причините за реконструкцијата, која беше најавувана во изминатиот период.

Согласно собранискиот Деловник, по секој предлог за разрешување се отвора расправа, која може да трае најмногу два дена, а министрите за кои е поднесен предлог за разрешување имаат право на обраќање во траење до 15 минути. За избор на новите министри е потребно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „СДС, Левица и ДУИ бараат изговори за да го блокираат Изборниот законик“, вели ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија (ВИДЕО) Братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО“, вели Кузеска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Портпаролката на ЕК побара од партиите да покажат храброст за уставни измени

Продолжувањето на пристапниот процес за Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза дека ќе ги спроведе, изјави…

October 31, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Ветуваа скандинавски стандард, а денес храната стана луксуз

Што имаме ние од скандинавската среќа што премиерот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат да ни ја прикажат и да не…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

Каранфилова-Пановска: Погрешните политики на власта го засилуваат иселувањето на младите

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на обраќањето пред младите социјалдемократи на традиционалниот младински камп „Трајче Нешковски“ во Охрид остро…

August 17, 2025
ПОЛИТИКА

Потпретседателката на СДСМ, Чупеска за Илон Маск: Порано ми се „свиѓаше“ футуристичкиот дечко, а сега веќе не (ВИДЕО)

Откако пред два дена заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска излажа дека договорот за Стратешко пријателство со САД го…

February 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?