Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанија отвора уште еден кластер во преговорите со ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Албанија отвора уште еден кластер во преговорите со ЕУ
БАЛКАН

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите со ЕУ

Објавено December 17, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Во Брисел денеска се одржа третата меѓувладина конференција ЕУ – Албанија, на која за земјата беше отворен Кластерот 6 за надворешна политика.

Кластерот 6 се состои од преговарачките поглавја 30 (надворешни односи) и 31 (надворешна, безбедносна и одбранбена политика).

Делегацијата на ЕУ на меѓувладината конференција беше предводена од министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, во име на Унгарија, која претседава со Унијата до крајот на годината, и од албанскиот премиер, Еди Рама.

Учествуваше и европската комесарка за проширување, Марта Кос.

Албанија го отвори првиот кластер во преговорите за членство во ЕУ на 15 октомври.

„Денеска, ја одржавме втората меѓувладина конференција со Албанија за време на унгарското претседателство преземајќи уште еден конкретен чекор во претпристапниот процес. Овој напредок го одразува нашиот силен фокус на интеграцијата на Западен Балкан, што е од клучно значење за стабилноста и иднината на ЕУ“, рече Сијарто.

Рама во Брисел истакна дека амбицијата на Албанија е да отвори повеќе кластери до пролет, а потоа да го заврши отворањето на поглавјата в година. Тој додаде дека отворањето на Кластерот 6 ја мотивира Тирана на патот кон ЕУ.

Во соопштението на Советот на ЕУ се наведува дека напредокот во усогласувањето и спроведувањето на правото на ЕУ и релевантните европски стандарди ќе продолжи да се следи за време на преговорите со Албанија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фатени разбојници кои се обиделе да ограбат банка во Чаир
Следна Статија Обвинение против едно лице за убиството кај „Мавровка“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Телохранителот на водачот на Шкаљарскиот клан ограби златарница

Марко Мартиновиќ од Подгорица, за кого црногорските медиуми тврдат дека бил телохранител на убиениот водач на Шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ,…

May 19, 2025
БАЛКАН

(Видео) За влакно ја избегна смртта во трагедијата во Нови Сад: „Може да го прослави својот втор роденден“

Бројот на жртвите во трагедијата што вчера околу 11 часот и 50 минути го погоди Нови Сад се искачи на…

November 2, 2024
БАЛКАН

Го убил, па се обидел да го расече на парчиња – тешко злосторство во БиХ

Во Високо во Федерацијата Босна и Херцеговина синоќа се случи брутално убиство кога млад човек убил друг млад човек, а…

March 10, 2025
БАЛКАН

Српската Влада префрли 1,8 милиони евра за субвенции за мајки кои сакаат да купат стан по раѓањето дете

Од буџетските резерви на Србија се префрлаат 1,8 милиони евра на Министерството за семејна грижа и демографија, со цел да…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?