Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Ангел си ти“ – Крушево со љубов и музика го слави роденденот на Тоше Проески
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Ангел си ти“ – Крушево со љубов и музика го слави роденденот на Тоше Проески
ЗАБАВА

„Ангел си ти“ – Крушево со љубов и музика го слави роденденот на Тоше Проески

Објавено January 25, 2025 09:29
Сподели
Сподели

На Гумење во Крушево денеска ќе се одржи програма насловена „Ангел си ти,“ посветена на 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка икона Тоше Проески, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, кај Нова Градишка, Хрватска.

Фанови од Македонија и странство пристигнуваат во Крушево за да го посетат вечното почивалиште на Гумење и Спомен домот „Тодор Проески,“ каде се изложени неговите лични предмети кои ја будат трајната љубов и почит кон Тоше. Верните обожаватели често велат: „Тоше има само ден на раѓање.“

Програмата започнува со традиционална крводарителска акција, која ќе се одржи од 9 до 16 часот во Спомен домот. Во 11:15 часот, во времето кога Тоше се родил, ќе бидат положени цвеќиња од делегации и фанови на неговото вечно почивалиште.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ќе биде дел од одбележувањето, положувајќи цвеќе и посетувајќи го Спомен домот.

Напладне, во чест на Тоше, младите пејачи Нела Манческа и Дорис Димовска, заедно со бендот „Лок даун,“ ќе ги изведат неговите најпознати песни. Настапи ќе имаат и вокалната формација „Оренда“ и вокалниот состав „Графити“ од Бугарија, предводени од Аделина Колева.

Фановите и посетителите ќе имаат можност уште еднаш да се потсетат на огромниот придонес и вечното наследство што Тоше го остави зад себе.

Крводарителска акција во чест на Тоше во Скопје

Во холот на Домот на АРМ во Скопје денеска ќе се одржи крводарителска акција во спомен на хуманоста на Тоше Проески.

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на ЦК на град Скопје е и акцијата која се организира во спомен на хуманоста на нашата ѕвезда Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме. Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост“, се вели во соопштението на Црвениот крст на Град Скопје.

Како што посочуваат, на овие акции собрани се над 5.500 единици крв, што зборува за позитивниот пример на Тоше, запаметен како голем хуманист и крводарител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митев: Најважно е да се бориме и да играме според нашиот план
Следна Статија Поранешниот водител на „Фокс њуз“ Пит Хегсет избран за министер за одбрана на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ФОТО) Тони Зен настапуваше во затворот „Идризово“, рапуваа и затвореници

Во полуотвореното одделение на Казнено-поправната установа Идризово на 2 септември 2025 година се одржа несекојдневен музички настан. На сцената, заедно…

September 5, 2025
ЗАБАВА

Филмот „Емилија Перез“ доби 13 номинации за годинашниот Оскар

Објавени се номинациите за 97. издание на „Оскарите“, пришто со најмногу номинации се здоби „Емилија Перез“, вкупно 13 на број,…

January 24, 2025
ЗАБАВА

Приватниот авион на Новак Ѓоковиќ (ФОТО и ВИДЕО)

Само во еден ден Новак Ѓоковиќ прелета 13.300 километри и тоа од Доха до Буенос Аирес за да се прости…

December 3, 2024
ЗАБАВА

Синер го изненади папата со подарок, па го покани да заиграат тенис (ВИДЕО)

Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, денеска беше во посета Ватикан, каде што се сретна со новиот поглавар на Римокатоличката црква, …

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?